Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Елаборат за влијание на недостатокот на вода по биолошката разновидност на Тиквешко Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Елаборат за влијание на недостатокот на вода по биолошката разновидност на Тиквешко Езеро
Шумарство и водостопанство

Елаборат за влијание на недостатокот на вода по биолошката разновидност на Тиквешко Езеро

Објавено 25/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изготвен е елаборат за влијание на недостатокот на вода по биолошката разновидност на Тиквешко Езеро.

Изготвен е елаборат за влијание на недостатокот на вода по биолошката разновидност на Тиквешко Езеро, во рамките на иницијативата за спас на втората по големина вештачка акумулација во државата. Претседателот на Здружението „Еко-живот” кое исто така учествуваше во изготвувањето на документот, Роберто Паризов, напомена дека во елаборатот потсетуваат на богатството од животински и растителен свет, кое е загрозено со намалувањето на нивото на водата во езерото.

-Намаленото ниво на езерската вода е закана за биолошката разновидност. Познато е дека животните и растенијата се размножуваат со ограничувања диктирани од расположливиот простор за живење и расположливи ресурси. Целиот еколошки систем претставува еден повеќегодишен непореметен синџир, кој при големо повлекување на водата, ќе доведе до изумирање на одредени микроскопски форми на живот, кои служат за храна, но и на други поголеми форми на организми. Со тоа ќе се намали и целокупниот фонд на живи суштества во Тиквешко и пределот околу езерото. Главниот проблем настанува поради недостатокот на елементарната животна срдина, неопходна за опстанок на растенијата и животните, пренесе денеска Паризов, дел од елаборатот, во изјава за МИА.

Според Паризов, вештачкото уништување на тој дел од животната средина доведува до хендикеп на претставниците на биолошката разновидност да најдат компензација за средината и неопходните услови за нивен опстанок, при што доаѓа до потполно угинување на одредени видови, или нивна редукција на минимум.

Со елаборатот што е изготвен во рамките на иницијативата за спас на езерото се препорачува мораториум за испуштање на водата од Тиквешко во пролетните и летните месеци, од март до септември.

-Воведување на минимална висина на водата под која ќе биде забрането испуштање на водата за стопански цели, освен за наводнување на земјоделските насади. Предлагаме формирање на интерсекторско тело од министерства надлежни за оваа проблематика, претставници од општина Кавадарци и граѓански сектор, по што во најбрз можен рок ќе се донесе регулаторно решение, за трајно спречување штети од евентуално намалено ниво на езерото, дециден беше Паризов.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:Тиквешко езеро
Претходен напис Ново зголемување на водостојот на Охридското Езеро
Следен напис Ангеловска-Бежоска – Бесими: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?