Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Еднакви услови за развој на сите региони на државата со посебен акцент на руралните подрачја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Еднакви услови за развој на сите региони на државата со посебен акцент на руралните подрачја
Агровести

МЗШВ: Еднакви услови за развој на сите региони на државата со посебен акцент на руралните подрачја

Последна измена: 22/01/2020 16:14
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина  Новаци, Љубе Кузмановски, денеска ги посетија локациите кадешто се оваа општина ги реализира  капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.

Министерот Димковски, изјави дека со ефикасно искористување на мерките од Програмата за рурален развој, наменети за општините ќе  се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните општини.

„Оваа населено место за прв пат асфалтно се поврзува со општината Новаци и другите населени места.  Овде живеат околу 50 жители, и овие проекти се важни за да имаат добри пристапни патишта, брз транспорт и поврзување со градовите“,  изјави министерот Димковски.

Општина Новаци конкурираше со проекти за реконструкција на локалниот пат од с. Тепавци до регионалниот пат и проект за изградба на пристапен пат до манастир Св.Атанасиј во с.Старавина.

Директорот Бабовски, посочи дека општината Новаци е добар пример како да се реализираат проектите кои се значајни за граѓаните од руралните средини. Вкупната финансиска поддршка за трите проекти изнесува 30,4 милиони денари.

„ Преку Програмата за рурален развој се трудиме да создадеме еднакви услови за развој на сите региони на државата и со посебен акцент на руралните подрачја. Овие проекти ќе овозможат подобрување на животот на жителите од руралните средини. Овој патен правец, прв пат добива асфалт, претходно беше макадам и кал.“- истакна Бабовски

Градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски истакана дека овие проекти го развиваат овој регион и овозможуваат развој на манастирски туризам.

„ Изградбата и асфалтирањето на овој пат е во висина од околу 19 милиони денари, средствата се од Програмата за рурален развој. Освен овој проект со средства од истата програма изградивме и пат до манастирот во Старавина со што значително прдонесува за развој на нов вид на туризам во овој регион“, изјави градоначалникот Кузмановски.

За трите мерки од Програмата за рурален развој беа пристигнаа над 200 барања со подготвени капитални проекти од сите 80 општини и 8 Плански региони, за чијашто реализација Владата на Република Северна Македонија одобри 38 милиони евра преку Програмата за рурален развој.

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:мзшвОпштина НовациРазвој на Рураните средини
Претходен напис МЗШВ: Поставен е нов рекламен банер на саемот во Берлин, за техничката грешка е поведена постапка
Следен напис Низа нерегуларности – Владата го раскина договорот за концесија со „Летница Белвица”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?