Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Единаесет жени претприемачи добија финансиска поддршка од државата за реализација на нивните бизнис планови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Единаесет жени претприемачи добија финансиска поддршка од државата за реализација на нивните бизнис планови
Агровести

Единаесет жени претприемачи добија финансиска поддршка од државата за реализација на нивните бизнис планови

Објавено 07/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Единаесет жени претприемачи денеска добија финансиска поддршка од Министерството за економија за реализација на нивните бизнис планови.

Финансиската поддршка се доделува во рамки на мерката „Субвенции за поддршка на жени претприемачи за која годинава аплицирале вкупно 23 компании. Поединечно, секоја од овие 11 компании ќе биде потпомогната со една до две илјади евра во зависност од апликацијата. Се субвенционираат 50 проценти од докажаните трошоци на компаниите, но не повеќе од 120 илјади денари по апликант.

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика сите жени претприемачи да ги искористат можностите што ги нуди оваа мерка и најави дека од следната година ќе се креираат и нови мерки за поддршка на женското претприемништво.

– Освен оваа мерка, која е наменета само за жените претприемачи, од оваа година воведовме и стимулативни мерки за компаниите кои се водени од жени. Така што бројот на компании кои се основани или управувани од страна на жените споредбено со минатата година е зголемен за над 16 проценти што е поттик за нас како Министерство и за Владата да креираме мерки и олеснувачки околности за жените претприемачи бидејќи има интерес од нивна страна, истакна Бектеши на денешната прес-конференција.

Мерката почна да се применува од 2012 година во рамки на Програмата за конкурентост, иновации и претприемништво. Во изминатите девет години преку оваа мерка субвенционирани се вкупно 152 компании во сопственост и управувани од жени со вкупно 14.198.105 денари. Гледано според дејноста, во 2015  и 2016  година доминираа сметководство-книговодствените работи, додека во 2017, 2018, 2019 и 2020  година  доминираат  дејностите од областа на  производството, преработувачката индустрија и разните услуги. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бизнис плановижени претприемачифинансиска поддршка
Претходен напис Декоративни зимзелени садници во Горно Оризари: Од мала површина, перспективен бизнис и заработка
Следен напис Земјоделството не може само против КОВИД, бара помош од државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?