Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто 
Агровести

ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто 

Објавено 12/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. 

Банката во денешната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи дека ќе продолжи да ги следи состојбите и во зависност од податоците ќе носи одлуки на секој нареден состанок. 

Одлуката е донесена во услови на намалување на обемот на производството во Еврозоната и пад на потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто и поради оценката дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата под два отсто нема да биде остварена барем до крајот на следната година.   

Во својата најнова прогноза ЕЦБ предвидува дека стапката на инфлацијата ќе падне на 1,9 проценти дури во 2026 година. 

Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел минатата недела предупреди дека не треба да се потценуваат предизвиците поврзани со инфлацијата, иако нејзината стапка во Еврозоната минатиот месец падна на 2,2 отсто, што е најниско ниво во последните три години. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:3.5отстоЕЦБнамалиосновната каматна стапка
Претходен напис ФИТР: Презентација на успешните бизнис идеи преку повикот „Стартапувај“
Следен напис Беџети во посета на семејството Идрлези од Равен, Гостивар: Ваквите фармери ја заслужуваат сета наша почит
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?