Попладнево го поминав одговарајќи на поканата на семејството Идрлези од Равен Гостивар во посета на нивната фарма, информира на ФБ, заменик министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети.

Она што го видов е вистински пример на модерна фарма по европски стандарди, а уште повеќе е за восхит затоа што е инвестицијата е целосно со сопствени средства.

Ваквите фармери ја заслужуваат сета наша почит и поддршка од Владата. Има одлични мерки од МЗШВ кои помагаат за модернизација на сточарството и наша задача е да ги информираме земјоделските производители да ги користат овие средства кои се наменети за нив.

Нашите земјоделци заслужуваат повеќе да бидат информирани за мерките кои ги нуди Министерството за земјоделство, заедно со поддршката за развој на нивната активност.
Фејсбу статус на Фљакрон Беџети – Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
