Дванаесетгодишниот земјоделец од Инџија се вика Никола Вучковиќ, голем познавач на земјодлеството, а сточарството му е омилено.
Никола оди во шесто одделение, живее во населбата Јарковци. Мал е, но со големо знаење. Веќе полни 4 години Никола извршува работи во градината, во полјоделството и сточарството. Сите животни во дворот се навикнати на него, но и тој на нив.
А еден негов просечен ден изгледа вака:
„Наутро станувам во 6.30, пијам чај, влегувам во шталата, ги хранам кравите, па свињите, после одам кај пилињата, кај кокошките и така“, раскажува момчето за РТ Војводина.
Парите што ги добил за роденден ги оставил на страна, собирал и купил теле. Додека другите деца од рака не ги испуштаат мобилните телефони, Никола најчесто ракува со молзалката, косата и целиот останат прибро неопходен за едно селско домаќинство.
