Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“
Агровести

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“

Објавено 19/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 медали, и тоа: два златни, пет сребрени и единаесет бронзени, стои во соопштението од компанијата, што МИА го објавува интегрално.

Највисоко оценето вино од портфолиото на „Тиквеш“ и воедно најуспешно македонско вино на годинешниот натпревар е црвеното вино „Babuna 2022“, кое освои златен медал и високи 96 поени. Вториот златен медал му припадна на виното „Found Kratosija 2024“, произведено од „Тиквеш“ за британскиот пазар, кое беше оценето со 95 поени.

Покрај двата златни медали, сребрени медали освоија црвените вина „Luda Mara 2024“, „Bela Voda 2022“, „Babuna 2023“, „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023“ и белото „Barovo Fumé Blanc 2025“, додека со бронзени медали беа наградени: „Bela Voda White 2024“, „Barovo Sauvignon Blanc 2025“,„Bela Voda Red 2021“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2023“, „Luda Mara Vranec 2023“, „Babuna White 2025“, „Luda Mara White Cuvée 2025“, „Alexandria Premium White Cuvée 2025“, „Smederevka 2025“ и „Barovo Red“ од бербите 2021 и 2022.

„Освојувањето на вкупно 18 медали на ,Decanter World Wine Awards 2026’, меѓу кои два златни, претставува уште една потврда за квалитетот што доследно го градиме со децении. Особено нè радува фактот што нашето ,Babuna Red 2022’ е оценето со 96 поени, што го вбројува меѓу највисоко оценетите вина на годинешниот натпревар. Овие награди се надоврзуваат на низата успеси што ,Тиквеш’ ги бележи на ,Decanter’ во изминатите години, зацврстувајќи ја својата позиција меѓу најуспешните и најтрофејните винарници на натпреварот“, истакнуваат од ВВ „Тиквеш“.

„Decanter“ важи за најголемиот и еден од најрелевантните светски вински натпревари. Годинава вината беа оценувани од 245 водечки светски вински експерти, меѓу кои 63 со титула „Master of Wine“ и 24 со титула „Master Sommelier“, преку повеќестепен процес на слепо дегустирање и евалуација.

Наградите освоени на „Decanter“ имаат особено значење, бидејќи претставуваат една од најрелевантните меѓународни потврди за квалитетот на виното. За потрошувачите ширум светот, медалите од „Decanter“ се важна препорака при изборот на вино, додека за дистрибутерите, трговските синџири, рестораните и останатите професионални купувачи тие претставуваат силна и независна референца која влијае врз одлуките за набавка и позиционирање на вината на светските пазари. Истовремено, овие признанија придонесуваат за јакнење на угледот на македонското вино и за натамошна афирмација на Македонија како респектабилна винска земја на светската винска мапа.

Тиквеш винарија АД Кавадарци

Може да ви се допадне

НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка
Делови од Скопје утре без вода
Поради топлотниот бран во 53 француски департмани во сила е портокалов метеоаларм
Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Сезонски изглед на времето – Лето 2026
Таг:Decanterвински натпреварзлатни медалинаградиТиквеш
Претходен напис НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?