Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Финансираме речиси 200 инфраструктурни проекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Финансираме речиси 200 инфраструктурни проекти
Агровести

Финансираме речиси 200 инфраструктурни проекти

Објавено 29/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес сме тука пред вас да ги презентираме реализираните проекти, отчет што останува најважната задача на Демократската Унија за Интеграција.

Во овој период, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој исплати над 90% од субвенциите од 2019 година или претворено во финансиски средства претставува 5.847.000.000 денари распределени транспарентно и неселективно во над 65.000 земјоделски стопанства.

Од истата програма од 2019 година исплатени се 1.794.000.000 денари за 21.476 земјоделски стопанства за продажба на тутун во компании регистрирани за преработка на тутун.

Од програмата за финансиска поддршка за 2020 година, исплатени се над 1.800.000.000 денари за 19.495 земјоделски стопанства за продажба на тутун во компаниите регистрирани за преработка на тутун.

Со оглед на моменталната состојба со вирусот КОВИД 19, Агенцијата, како спроведувач на мерки од годишни програми, му предложи на Министерството за земјоделство олеснување на процедурите за доставување на апликации за субвенции за предадено млеко, конкретно со оваа измена, нема повеќе земјоделците 3 пати годишно да поднесуват барање за субвенционирање на продаденото млеко туку ќе бидат заменети со добивање податоци директно од компаниите за преработка на млеко од страна на Агенцијата.

Агенцијата менаџира и со Ипард фондовите

ИПАРД средствата се средства кои обезбедуваат финансиска помош за земјоделство, адаптација на земјоделскиот сектор со правилата и стандардите што се применуваат на пазарот на ЕУ.

Минатата година нашата држава беше лидер во искористеност на ИПАРД средствата, досега веќе сме потпишале договри во вредност од околу 40 милиони евра , а веќе сме исплатиле околу 20 милиони евра средства од Европска унија.Со ова, покажавме дека кај нас, физичките и правни лица се соодветно информирани и ги искористиле средствата што порано не биле толку користени. ИПАРД средствата обезбедуваат поддршка за 3 мерки што се актуални врз основа на дефинираната програма, како:

Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства

Мерка 3- Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Мерка 7- Диверзификација на фармите и развој на бизниси .

Би споменал дека во сите мерки имаше голем интерес и од индивидуалните земјоделци и од компаниите, од сите региони на РСМ кои аплицирале и придобиле средства. Преку Програмата за рурален развој и проектите што се спроведени, јасно е како локалната власт може да ги препознае потребите на граѓаните, како и можноста да се создадат услови за развој на туризмот преку овие средства за да се обезбеди квалитетна инфраструктура за руралните подрачја. Средствата од оваа програма обезбедуваат избалансиран регионален развој и соодветни услови за живеење во развојот на потенцијалот на подрачјата. Во оваа програма, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој финансираше близу 200 проекти за патна инфраструктура, водоснабдување, канализација, центри за рекреација во руралните области.

Средствата од оваа програма се поделени за сите општини кои аплицирале за придобивки од овие средства и ги исполниле утврдените критериуми, правно и без никаква селекција.

Се надеваме дека и во иднина ке продолжиме со работа, секогаш на добро на земјоделците, да го поедноставиме тоа што им е тешко на нив, да додадеме нови придобивки за земјоделците и да придонесеме уште повеќе во секторот земјоделство, што претставува примарна стопанска гранка и дејност.

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:ДУИИнфраструктурни објектиИпардрурален развој
Претходен напис Спасовски и Димковски во посета на Општина Карбинци: Изградбата на пречистителната станица за водата за пиење е проект од витално значење
Следен напис Младите ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари за купување македонски производи и услуги
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?