Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 0.2 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 2.3 %.
Во февруари 2021 година, во споредба со февруари 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 100.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.3.
Во делот аутпут, во февруари 2021 година, во споредба со февруари 2020 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.3.

Извор: Државен завод за статистика
