Дождот кој во саботата заврна во реонот на планината Јакупица во Општина Чашка, во текот на ноќта ги изгасна двата пожари во реонот на Бегово Поле, информираа вчера за МИА од Центарот за управување со кризи од Велес.
Пожарите биле на терен далеку над селото Горно Јаболчиште.
Според првичните информации, во поголем дел огнот зафатил сува трева од пасиште, појаснуваат од Центарот за управување со кризи.
Откако биле пријавени пожарите, во нивно гаснење во текот на денот со трактор се вклучила екипа на ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.
