Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доматниот молец може да биде новиот непријател на градинарството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Доматниот молец може да биде новиот непријател на градинарството
Совети

Доматниот молец може да биде новиот непријател на градинарството

Последна измена: 23/04/2020 11:26
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Tuta absoluta(доматен молец) е штетник кој потекнува од Јужна Америка и од таму започнува да се шири низ целиот континент во последните десет години. Овој молец во Европа  за прв пат е забележан во Каталонија (Шпанија) во 2007 година. Веројатно бил донесен во Шпанија неколку години пред тоа. Епидемиите од него започнале во 2008 година и тоа во Шпанија, Мароко, Алжир, во почетокот на 2009 година во Јужна Франција и Италија.

Официјално е соопштено дека постои можност тој годинава да се појави и во Велика Британија, Португалија, Грција, Швајцарија, Малта, Либија и Тунис.

Tuta absoluta (Meyrick, 1917) или доматниот молец е многу опасен непријател кој најмногу ги напаѓа доматите, но исто така ги напаѓа и модриот патлиџан, пиперките, компирите и другите градинарски растенија. Штетникот може да го намали приносот на доматите од 50 до 100 проценти. Животниот циклус на овој молец  е 29 (30) до 38 (40) дена, во зависност од температурата.  Се размножува многу брзо.

Доматите можат да бидат заразени во која било фаза од нивниот развој. Во оранжериите условите овозможуваат континуиран развој на овој штетникот.

Гасениците најчесто се наоѓаат на лисјата и стеблата, но може да се најдат и во  самиот плод.  Најкарактеристични симптоми на присуството на овој  молецот се минијатурните дамки  на лисјата. Во случај на сериозна инфекција, лисјата изумираат целосно, додека оштетувањата на стеблото предизвикуваат малформација на растението. Оштетувањата на плодовите овозможуваат  развој на болеста при што плодовите можат  да изгнијат.

 Кај компирите, штетникот ги напаѓа надземните делови на растението.

За борба против овој штетник се препорачува комбинација на различни методи и тоа:

• Употреба на феромонски стапици за да се утврди неговата густина;

 • Расчистување на областа од остатоците на заболените  растенија веднаш штом се соберат и уништат доматите;

 • Чистење на почвата и на  остатоците од земјоделските култури;

 • Масовно ловење на возрасните единки со помош на стапици пред садењето.

• Примена на инсектициди базирани на имидаклоприд во водата за наводнување 8-10 дена по садењето;

• Употреба на инсектициди врз основа на споносад или индоксакарб при појава на молецот.

 • Употреба на биоагенси

Извор :Агрибг

Може да ви се допадне

Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans
Каснувањето од поскок има страшни последици: Ако ве касне, времето почнува да тече брзо! Еве колку минути имате
Нов вирус им се заканува на пиперките: Во Шпанија се заразени повеќе од илјада хектари
(ВИДЕО) Кога и како да се засадат лубениците во градината
Пестициди, бактерии и јајца од паразити на јагодите: Миењето со вода не е доволно, запомнете две правила
Таг:GradinarstvoДоматен молецдоматиштетници
Претходен напис Турција им го дава напуштеното земјиште на земјоделците за да го обработуваат
Следен напис Карпош ги повикува да се пријават нерегистрираните земјоделци и гулабари кои сакаат да вршат дејност за време на викендот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?