Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Домашни и меѓународни САЕМИ кои ќе бидат поддржани од МЗШВ во 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Домашни и меѓународни САЕМИ кои ќе бидат поддржани од МЗШВ во 2025 година
Агровести

Домашни и меѓународни САЕМИ кои ќе бидат поддржани од МЗШВ во 2025 година

Објавено 17/02/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата ја донесе ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2025 ГОДИНА во која се предвидени средства за поддршка на домашни и меѓународни саеми:

XVII

(1) Средствата од делот II став (2) од табелата точка 1 „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој“ од оваа програма се спроведуваат согласно член 101 од Законот за земјоделство и рурален развој.

(2) Средствата од дел II став (2) потточка 1.1 „Промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија“ од оваа програма се наменети за организирање на локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој на територијата на Република Северна Македонија, кои се спроведуваат согласно член 3 од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: Уредбата), а за организирање на манифестации (саеми, научностручни собири и изложби) од областа на земјоделството и руралниот развој од регионално и меѓународно значење на територијата на Република Северна Македонија и за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија, средствата се наменети за:

– „Саем – Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“-Скопје;

– Денови на македонското ловство; – Храната во општините;

– 5-ти меѓународен симпозиум за земјоделство и храна (ISAF 2025);

– Vranec World Day 2025;

– III – Меѓународен фестивал за оценување на ракии и други жестоки алкохолни пијалоци „Тиквешка ракијада“-2025;

– IX–Интернационална дегустација и оценување на вина произведени од регистрирани производители, мали семејни винарии, домашни индивидуални производители и странски винарии и производители – Св. Трифун-2025;

– Ден на станушината и

– Стручно предавање и работилница од областа на урбано шумарство: Вовед во Мијаваки методот.

(3) Дел од средствата од ставот (2) на овој дел во износ од 540.000 денари се наменети за спроведување на започнати постапки и неподмирени обврски за потточка 1.1 „Организирање и спроведување на манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

(4) Средствата од делот II став (2) потточка 1.2 „Учество на саеми и организација на промотивни настани вон Република Северна Македонија“ која се спроведува согласно член 4 од Уредбата, се наменети за трошоци за учество на саеми и организација на промотивни настани вон Република Северна Македонија за периодот од 1 јануари 2025 година до 31 декември 2025 година и тоа за:

(5) Дел од средствата од ставот (4) на овој дел во износ од 2.014.062 денари се наменети за спроведување на започнати постапки и неподмирени обврски за потточка 1.2 „Учество на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи вон Република Северна Македонија“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

(6) Средствата од делот II став (2) потточка 1.3 „Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи” од оваа програма се спроведуваат согласно член 5 од Уредбата, а подмерката „трошоци за учество на меѓународни и регионални натпревари за вино на кои е освоена специјализирана награда, златен и сребрен медал“ се наменети за следните натпревари и видови на награди:

(7) За реализација на поддршката од ставот (6) на овој дел, односно за подмерката 1.3.5 „трошоци за амбалажа за земјоделски производи и преработени земјоделски производи“ Агенцијата објавува јавни повици за периодот од:

– 1 јануари 2025 година до 30 јуни 2025 година, со краен рок на поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка до 15 август 2025 година и

– 1 јули 2025 година до 31 декември 2025 година, со краен рок на поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка до 15 февруари 2026 година.

(8) Дел од средствата од ставот (6) на овој дел во износ од 2.900.000 денари се наменети за спроведување на започнати постапки и неподмирени обврски за потточка 1.3 „Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.

(9) Средствата од делот II став (2) потточка 1.4 „Изработка и публикување на едукативни, информативни, научни, пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија” од оваа програма се реализираат согласно член 6 од Уредбата.

(10) Средствата од дел II став (2) потточка 1.5 „Спроведување на истражувања, изработка на анализи, предлог-проекти, студии и стратешки документи од областа на земјоделството и руралниот развој“ од оваа програма се реализираат согласно член 7 од Уредбата.

(11) Средствата од дел II став (2) потточка 1.6 „Инвестициони вложувања за воспоставување на научнодемонстративни примери“ од оваа програма се реализираат согласно член 8 од Уредбата.

(12) Дел од средствата од ставот (11) на овој дел во износ од 34.000.000 денари се наменети за спроведување на започнати постапки и неподмирени обврски за потточка 1.6 „Инвестициони вложувања за воспоставување на научно-демонстративни примери“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

(13) Средствата од дел II став (2) потточка 1.7 „Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“ од оваа програма се реализираат согласно член 10 од Уредбата.

(14) Дел од средствата од ставот (13) на овој дел во износ од 30.000.000 денари се наменети за спроведување на започнати постапки и неподмирени обврски за потточка 1.7 „Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.

Извор: Службен Весник Бр. 29 од 11.02.2025 година

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:анугаберлинземјоделствомзшвсаеми
Претходен напис Студен бран со снег ја зафати земјава
Следен напис ЕУ: Ќе се одложи исплатата за Планот за раст за земјите од Западен Балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?