Остануваат уште два месеци до календарското лето, но метеоролошката служба Severe Weather (SWE) ја објави својата долгорочна прогноза за летото 2022 година.
SWE користи три главни сезонски модели – европските ECMWF и UKMO и американскиот CFSv2. Секој од нив покажува просечна метеоролошка слика во текот на трите летни месеци, но експертите забележуваат дека тоа не значи дека ваквите временски услови ќе траат цело лето. Прогнозата само покажува и имплицира како би можеле да изгледаат временските обрасци во опсег од 40 до 60 проценти од времето.
Можност за невреме
Според оваа служба, се очекува да имаме потопло лето од просекот во поголемиот дел од континентот, освен во северните и северозападните делови.
Ќе има студени фронтови и лошо време над централните области. Областа со низок притисок над Северна Европа може да предизвика повремени студени фронтови од север, зголемување на протокот на топлина и можност за бури.
Вообичаени до повлажни услови се очекуваат претежно на север. Британските острови и Скандинавија би можеле да имаат потурбулентно лето со поголеми шанси за бури.
Условите за летна суша се сè поверојатни во западниот и јужниот дел на Централна Европа, кој вклучува делови од Франција, Италија, Малта, Монако и Швајцарија.
Југоисточниот дел од нашиот континент не се споменува во прогнозата за оваа сезона.
Услови за суша во САД и Канада
Летната сезона во 2022 година ќе биде под постојано влијание на Ла Нина, ефект кој директно ќе се одрази на САД и Канада. За овој дел од светот пишуваат дека прогнозата изгледа „страшно“.
Се очекува да има потопли лета во северниот и јужниот дел на централниот дел на Соединетите Американски Држави од вообичаено, со услови за суша. Натпросечни температури се предвидуваат за североисточниот дел на САД и Централна и Источна Канада.
Во исто време, прогнозата за врнежи покажува нормални до повлажни услови во југозападниот и делумно во источниот дел на Соединетите Американски Држави, што укажува на нови бури во тој дел од светот.
