Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Долгорочна прогноза – Дали Европа ја очекува пролет без врнежи?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Долгорочна прогноза – Дали Европа ја очекува пролет без врнежи?
Агропрогноза

Долгорочна прогноза – Дали Европа ја очекува пролет без врнежи?

Објавено 28/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се ближи пролетта 2022 година, а временските прогнози откриваат дека ефектот Ла Ниња сè уште има глобално влијание.

Метеоролошката зимска сезона го опфаќа периодот декември-јануари-февруари. Во периодот зад нас, низ Европа се формираше област со низок притисок, што донесе заладување, особено во Скандинавија. Поголемиот дел од Централна и Западна Европа имаа потопли услови. Во исто време, на другата страна на светот, системот над Пацификот доминираше, носејќи потопли и поблаги зими во западна Канада, северозападниот дел на САД и Алјаска.

Во јануари 2022 година, имаше промена. Во централните области на Европа беше нешто потопло, додека на запад температурата опадна.

Се предвидува дека во наредниот период висок притисок во западниот дел ќе донесе потопло време и повисоки температури од нормалните, додека делови од Централна и Југоисточна Европа ќе бидат зафатени од постудениот бран.

Главниот двигател на времето ќе биде Ла Ниња во тропскиот Тихи Океан. Неговото присуство е клучно за развојот на временските услови од доцна есен до пролет. Неговото влијание ќе ослабне во наредните месеци, но ќе се чувствува во текот на целата пролет.

Што нѐ чека оваа пролет?

ECMWF се смета за најсигурен модел за прогнозирање и тој предвидува потопли можности за Европа и југоисточниот дел на САД.

Напролет е можно повремено заладување над северозападна Европа. Температурите ќе бидат над нормалата за тој период од годината. Врнежите ќе бидат поголеми на север, а послаби врнежи и сушни периоди се предвидуваат на запад. Значи, потопли температурни аномалии и поблаги услови се поверојатни кон источните предели. Во централните и западните предели најверојатно ќе се појават повремени студени фронтови од северозапад, со повремени промени на шемата.

Според моделот УКМО, од официјалната Мет-Офис на Обединетото Кралство, Европа останува потопла од вообичаено, а на север можни се бури. Посилните топли аномалии се фокусирани на централните и североисточните региони. Поголеми врнежи се очекуваат во северните предели, поради зголемената фреквенција на невреме што се движи низ ова подрачје.

Северноамериканскиот CFS модел е поблиску до ECMWF и покажува дека на нашиот континент ќе биде потопло од вообичаено, со бури кои се движат далеку на север, блокирајќи го постудениот воздух поголемиот дел од времето.

Дали нѐ очекува пролет без врнежи?

Врз основа на овие три модели, се заклучува дека Европа ќе биде потопла од просечните температури во повеќето делови на континентот, но тоа не значи дека нема да има студени фронтови и постудени денови.

На Британските острови и Скандинавија ќе има потурбулентна пролет со доволно врнежи, а ќе има и невреме. Остатокот од континентот, особено јужните предели, ја очекува пролет со помали врнежи од дожд, а сушата ќе биде поизразена додека се движиме кон запад.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогнозапролет врнежи прогноза
Претходен напис Одлука за спроведување оценка за Стратегијата за рурален развој на Општина Охрид 2022- 2027
Следен напис Расте одгледувањето житни култури во Русија, а загрозени се други површини со житородни подрачја во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?