Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доделени 65 договори за користење на дивечот во ловиштата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доделени 65 договори за користење на дивечот во ловиштата
Агровести

Доделени 65 договори за користење на дивечот во ловиштата

Објавено 25/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска, во ловниот дом во Свети Николе ги додели новите 65 договори за користење на дивечот во ловиштата.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство како застапник на Концедентот, Владата на Република Северна Македонија низ годиниве наназад изгради партнерски однос кон концесионерите на ловиштата и одговорно ги следи процесите и проблемите кои се случуваат со дивечот и ловиштата, како и со ловството во целина.

Направени се измени и дополнувања на Законот за ловството со кои се овозможи на сите корисници на дивечот во ловиштата –концесионери, на кои договорите им истекле во 2022 и 2023 година, истите да им бидат продолжени за дополнителен период од една година. По тој повод, денеска беа врачени 65 договори за користење на дивечот во ловиштата на 28 корисници.

„Се надевам дека како и досега, дивечот ќе го одгледувате, заштитувате и ловите на домаќински, односно на одржлив и траен начин“ им порача министерот Николовски на идните концесионери.

Министерот во своето обраќање ги информираше присутните дека новиот Предлог на Закон за дивечот и ловството е влезен во Собраниска процедура. Се работи за нов реформски Закон, кој е изработен од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и други надлежни органи, во една отворена и транспарентна постапка, во која активно учество имаа Ловечката Федерација на Македонија, како и поголем дел на концесионерите на дивечот во ловиштата.

„Најсуштествено во законот е тоа дека излегува од рамките на законот за концесии, каде беше „заробен“ цели 26 години. Дивечот во ловиштата со новото законско решение ќе се дава по брза, поедноставена постапка, врз основа на утврдени критериуми, а каде како главен критериум ќе биде вложувањата во дивечот и ловиштата.

Новиот Закон ќе ја подобри состојбата со дивечот и ловството што заедно со вашиот придонес преку правилно, чесно и одговорно управување со ловиштата како одговорни концесионери, ќе приоднесе уште повеќе да го развиваме и подобруваме овој сектор“ рече министерот Николовски и им честиташе на сите добитници на договори за концесии за користење на дивечот во ловиштата.

Може да ви се допадне

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Претходен напис Топлотните бранови што месецов ги зафатија Европа и САД ќе беа „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот
Следен напис Ако некој треба да посакува да бидеме дел од европското семејство, тоа треба да се земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?