Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ако некој треба да посакува да бидеме дел од европското семејство, тоа треба да се земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ако некој треба да посакува да бидеме дел од европското семејство, тоа треба да се земјоделците
Агровести

Ако некој треба да посакува да бидеме дел од европското семејство, тоа треба да се земјоделците

Објавено 25/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доволно е да се следат информациите од регионот или од земјите членки на Европската Унија за да се види предноста на земјоделците и вкупниот агросектор од членството на нивните држави во европското семејство.

Покрај високите редовни субвенции, земјоделските производители имаат дополнителни мерки кои се наменети за поддршка на земјоделскиот сектор во кризни состојби, како пандемијата или сега војната во Украина. И тоа не се работи за мала поддршка, таа секогаш е во милиони евра и насочена токму во оние сектори кои претрпуваат загуби. Пример, бугарските земјоделци за 2023 година имаат од ЕУ, дополнителни над 100 милиони евра според шемата „Помош за поддршка на ликвидноста на земјоделците за надминување на негативното економско влијание од руската агресија врз Украина“. Ова е случај со сите други земји членки на Унијата, само висината на поддршката е различна.

Затоа, ако некој треба да посакува да бидеме дел од европското семејство, тоа треба да се земјоделците и сите чинители во вкупниот агросектор. Тоа за нив значи стабилност, рентабилност и профитабилност.

Најмногу пари, во милиони и милијарди евра ЕУ има планирано за земјоделството на земјите членки. Познато е дека Европската Унија одвојува огромен процент од буџетот за земјоделскиот сектор. Со тоа ја покажува важноста на земјоделското производство, руралниот развој и воопшто производството на храна. Најновата програма која стартуваше од 1 јануари 2023 година подразбира буџетска рамка за период од 2023 – 2027 година. Станува збор за распределба на 270 милијарди евра од земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 година. Според Комисијата, 34 милијарди евра се наменети исклучиво за еколошки и климатски цели и нови еко-шеми.

Затоа, секое противење или застапување на тезата – „Нам не ни треба ЕУ“ е толку погрешно и контрадикторно, со што земјоделците си одат сами против себе и своето семејство.

Во овој случај треба комплетно да се исклучи секое партиско резонирање. Без разлика на која партија се членови или симпатизери, на земјоделците треба да им е јасно дека нивното профитабилно работење или опстојување е директно поврзано со перспективата да бидеме дел од европската Заедничка земјоделска политика на ЕУ. Ова особено важи за младите фармери. Нашата најдобра иднина е членството во ЕУ каде особено внимание посветуваат на младите и жените, бидејќи старосната граница на земјоделците е висока и ЕУ има проект – подмладување на секторот. Затоа најголем дел од мерките ги креираат за дигитализација и модернизација на производството за да ги привлечат младите да се занимаваат со земјоделско производство на еден модерен, достоинствен и профитабилен начин. И Руралниот развој – туризмот како и бизнисите кои се водат како услуги на рурално население.

Мој совет до сите, особено до младите, иднината да ја гледаат во агросекторот на еден современ и достоинствен начин. Милијарди евра искористија Словенија, Хрватска, Бугарија, Полска… уште пред да станат членки на ЕУ.

Во овој (незапирлив) процес кон Унијата, голема штета прават оние производители на кои земјоделско производство им е дополнителна дејност, кои постојано се незадоволни затоа што си работат државно или друг бизнис, а во земјоделството не инвестираат, туку ги користат субвенциите и ако роди, арно. Но тие се секогаш најгласни во незадоволството од државата и создаваат една слика на неисплатливост на производството што секако не е точно и што го потврдуваат нашите успешни агробизнисмени.

Да резимираме – Или влегуваш во овој сектор и работиш како секој бизнис или си незадоволен и молиш од државата.

Затоа земјоделци, Ве повикувам заеднички да го поминеме овој процес на прилагодување на нашиот аграр со Заедничката земјоделска политика на ЕУ и да ја заокружиме сликата на привилегирани граѓани во својата држава.

Ленче Николовска – Директорка на Агротим.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнисеуземјоделцикапленче николовскамзшвнајновосубвенции
Претходен напис Доделени 65 договори за користење на дивечот во ловиштата
Следен напис Николовски најави нова мерка за складирање на житото во рок од девет месеци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?