Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Предлог бизнис

Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството

Последна измена: 01/06/2025 15:42
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Убавото време денеска ги раздвижи земјоделците, секој по своја работа, се сади, расадува, прихранува, се берат овошки…сезоната е во полн ек. На социјалните мрежи се гледа кој со што се занимава, се препознаваат амбициозните земјоделци, се гледаат трактори, полни гајби со овошје, непрегледни површини насадени со лубеници и пиперки…

Меѓу сите тие фотографии и директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев во пчеларник – „Дружењето со пчелите и природата е незаменливо задоволство“ – вели тој.

Ни раскажа дека со пчеларство се занимаваат седум години, а ќерката е носителот на овој семеен бизнис.

-Со пчеларство почнавме пред седум години, со 5 пчелни сандаци, а сега стигнавме до 65. Активно се занимава мојата ќерка, таа е задолжена за цедење и пакување на медот, јас за тоа немам време. Корисници бевме и на мерката млад земјоделец пред пет години преку која набавивме касетна центрифуга електрична за 12 рамки, миксер, када и 40 сандаци, 30 нуклеуси, рамки, млин за шеќер, бушач за рамки, поленособирачи.. околу 7.000 евра – вели за Агротим, Стоилев.

Го прашавме каква е моменталната состојба во пчеларникот, во каква состојба се пчелите.

-Доцнат со развојот поради ладното време, дури сега почнаа да носат нектар. Роев нагон има кај речиси 90% и има многу работа во пчеларникот. Багремот измрзна, овошките измрзнаа останува само ливадата и драката и коелреутеријата кај нас, вели Стоилев.

Што се однесува до пласманот на медот, вели дека имаат решение од Агенцијата и храна и ветеринарство за продажба од куќен праг.

Што е она кое би сакале да го пренесете на колегите пчелари, а да не е темата субвенции?

-Никогаш да не ги напуштат пчелите, да се едуцираат да создаваат потомство кое ќе се занимава со пчеларство и постојано да се прилагодуваат на климатските промени – е пораката на директорот на АФПЗРР, Илија Стоилев.

Може да ви се допадне

Рокот за поднесување на барање за СУБВЕНЦИИ се продолжува до 15 август
Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Од кисела зелка до сливи во чоколада: Како 52 производители од селата кај Чачак, Горњи Милановац и Лучан се собраа и отворија онлајн продавница
Таг:пчеларипчеларствосубвенции
Претходен напис Како да одгледувате зеленчук на балкон
Следен напис „БУЧЕН КОЗЈАК“: Среќен светски ден на МЛЕКОТО, нека секој ден биде исполнет со здравје, насмевки и добри дела!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?