Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на „Invest North Macedonia“ Газменд Абдија на средба со управниот одбор на „Магна инвестмент“ во ОАЕ: Ова е извонредна можност да се промовира економскиот развој и отворањето нови работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на „Invest North Macedonia“ Газменд Абдија на средба со управниот одбор на „Магна инвестмент“ во ОАЕ: Ова е извонредна можност да се промовира економскиот развој и отворањето нови работни места
Агровести

Директорот на „Invest North Macedonia“ Газменд Абдија на средба со управниот одбор на „Магна инвестмент“ во ОАЕ: Ова е извонредна можност да се промовира економскиот развој и отворањето нови работни места

Објавено 14/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на „Invest North Macedonia“ Газменд Абдија e учесник на „Annual Investment Meeting„ во Абу Даби, OAE. Тој соопшти дека во оваа прилика имал можност да се сретне со управниот директор на „Магна инвестмент“ кој бил заинтересиран за инвестиции во нашата земја.

„За време на мојот престој во Абу Даби, oстварив многу важна средба со управниот директор на „Магна инвестмент“, г. Абдалах Осеиран и неговиот соработник, г. Махмуд Хаџ Али, во нивните канцеларии во Абу Даби. „Магна инвестмент“ е инвестициска компанија која работи на меѓународно ниво и е специјализирана во областа на странски инвестиции и реализација на големи проекти. Компанијата претставува успешна приказна за инвестирање во повеќе сектори. Посебно задоволство е да ја споделам со вас веста дека „Магна инвестмент“ покажа голем интерес за инвестирање во нашата земја. Разговаравме за можностите за развој на земјоделскиот сектор, а воедно и за создавање нови можности за економски развој во нашата земја. Во тој правец, се договоривме претставници на „Магна инвестмент“, во блиска иднина да ја посетат нашата земја, за да истражуваат повеќе и да идентификуваат конкретни инвестициски проекти. Ова е извонредна можност да се промовира економскиот развој и отворањето нови работни места во земјоделскиот и во други сектори“, објави Абдија.

Тој рече дека се работи со голема посветеност на создавање поволна инвестициска клима за привлекување странски инвеститори и поттикнување развој на земјоделскиот и другите сектори.

„Странските инвестиции се важен движечка сила за раст и модернизација на нашата економија. Заедно, можеме да создадеме светла иднина за Република Северна Македонија“, порача Абдија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:абу дабиГазмендекономијаМагна инвестменнајновооаесубвенции
Претходен напис Директорот на Invest North Macedonia – Газменд Абдија учесник на Annual Investment Meeting во Абу Даби, OAE
Следен напис Променливо облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?