Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на Invest North Macedonia – Газменд Абдија учесник на Annual Investment Meeting во Абу Даби, OAE
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на Invest North Macedonia – Газменд Абдија учесник на Annual Investment Meeting во Абу Даби, OAE
Агровести

Директорот на Invest North Macedonia – Газменд Абдија учесник на Annual Investment Meeting во Абу Даби, OAE

Објавено 14/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Invest North Macedonia Газменд Абдија  од 8-ми до 10-ти мај учестуваше на Годишниот инвестициски состанок (AIM) во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.Во рамки на конференцијата беше придружуван од Бекри Ајдини, економскиот советник на Северна Македонија во Абу Даби. Оваа средба беше драгоцена можност за претставување на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на инвестициските потенцијали на нашата земја на меѓународна сцена.

AIM е одлична платформа за споделување перспективи, воспоставување нови контакти и истражување на можностите за странски инвестиции. Тимот на Invest North Macedonia имаше можност да се сретне и да разговара со лидери Од различни индустрии, експерти за финансии и успешни инвеститори од целиот свет. Размената на идеи и информации е од исклучително значење и нуди огромна шанса за проширување на деловните хоризонти.

За време на состаноците и панел-дискусиите беа откриени предизвиците и можностите за инвестирање во свет кој брзо се менува.

Разговаравме за иновациите, технологијата, другите иновативни сектори и потенцијалот за раст на инвестициите во нашата земја. Добивме уверување дека Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во Северна Македонија е подготвена да ги поддржи странските инвеститори заинтересирани да истражуваат и инвестираат на нашиот исклучителен пазар.

Во рамки на настанот Invest North Macedonia одржa конструктивен состанок со претставници од Стопанската комора на Абу Даби. Оваа средба беше важна можност да се споделат идеи и да се разговара за потенцијалната соработка помеѓу бизнис заедницата на нашата земја и бизнисот во Абу Даби. Нашето учество на AIM ќе помогне да се негуваат нови односи со странски компании и да се зголеми нивото на инвестиции во нашата земја.

Annual Investment Meeting(AIM) е иницијатива на AIM Foundation, независна меѓуародна организација целосно посветена на зајакнување нна светската економија преку зајакнување на ефективни стратегии за промоција и олеснување на можностите за економска продуктивност и проширување. Годишниот инвестициски состанок(AIM) е водечка инвестициска конференција која ги обединува сите инвеститори, претпримемачи и владини сектори од целиот свет. Годишно се одржува во Обединетите Арапски Емирати и служи како платформа за сите сектори да имаат отворена дискусија за најновите инвестициски трендови и можности, размена на идеи и истражување на потенцијални партнерства.Фокусирајќи се на пазарите во развој и растечките технологии, AIM има за цел да ги поттикне иновациите и економскиот раст на глобално ниво.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:абу дабибизнисекономијанајновопосетастрански инвестиции
Претходен напис Висина на субвенции во СТОЧАРСТВОТО за 2023 година
Следен напис Директорот на „Invest North Macedonia“ Газменд Абдија на средба со управниот одбор на „Магна инвестмент“ во ОАЕ: Ова е извонредна можност да се промовира економскиот развој и отворањето нови работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?