Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на ЦУК и градоначалникот на Градско го посетија мостот кај селото Уланци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на ЦУК и градоначалникот на Градско го посетија мостот кај селото Уланци
Агровести

Директорот на ЦУК и градоначалникот на Градско го посетија мостот кај селото Уланци

Објавено 23/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секој мост е исклучително важен и треба да се одржува редовно особено при поројни поплави кога притисокот врз столбовите е најсилен, истакна директорот на ЦУК Стојанче Ангелов при посетата на мостот кај селото Уланци, со градоначалникот на Градско, Кире Нацков.

Посетата на Ангелов доаѓа по пријава на  градоначалникот на Градско, кој на бројот за итни случаи на ЦУК пријавил дека кај столбовите на мостот има многу заглавени дрвја, гранки и друг материјал од поројните поплави од пред неколку дена.

– Градоначалникот Нацков го запозна Ангелов со состојбата на мостот покажувајќи неколку видливо напукнати носечки столбови на самиот мост. Во моментот на посетата, беше евидентно дека речиси целиот нанесен материјал е отстранет од столбовите на мостот, освен на едно место каде е заглавено големо откорнато дрво со гранки, известуваат од ЦУК.

Мостот кај с. Уланци, до Градско, е изграден во 1973 година од Југословенската Народна Армија (ЈНА) и е важен за локалното население од двете страни на Вардар. 

– Најголем проблем при надоаѓање на Вардар биле големите дрва и гранки што ги носи водата, а се заглавуваат на и помеѓу столбовите на мостот со што се зголемува притисокот врз столбовите. Најблискиот мост е оддалечен десетици километри и се наоѓа кај с. Ногаевци, поради што овој мост кај с. Уланци за локалното население е од огромно значење, потенцираат од ЦУК. ир/бак/

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градоначалникГрадскомостотУланцицук
Претходен напис Драстично намалено градинарското производство во струмичко, трговците бараат килограм повеќе
Следен напис Започна првиот модул од обуките за советници во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?