На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
3.3. Директни плаќања за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои се корисници на подмерка 1.1. од став (2) на овој член и имаат произведен и продаден или користен за сопствени потреби предосновен и основен семенски материјал за пченица, јачмен, ориз и тритикале во 2026 година и имаат добиено конечни сертификати согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои се корисници на подмерка 1.1. од став (2) на овој член и имаат произведен материјал од пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок од прва генерација (Ц1) во 2026 година и имаат добиено конечни сертификати согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, а семенскиот материјал да е продаден до 1 март 2027 година, додека за оризот да е продаден до 31 мај 2027 година;
-Минимална прифатлива сертифицирана количина за предосновен, основен и прва генерација (Ц1) семенски материјал за пченица, јачмен, ориз и тритикале е 2,5 тони по хектар пријавена површина, но не повеќе од 8 тони по хектар;
-Минимална прифатлива сертифицирана количина за добиточен грашок е 1 тон по хектар пријавена површина, но не повеќе од 1.5 тони по хектар и
-Висината на поддршката од алинеја 1 на оваа подмерка за произведен и продаден или користен за сопствени потреби предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм;
-Висината на поддршката од алинеја 2 на оваа подмерка за произведен и продаден семенски материјал од прва генерација (Ц1) изнесува 4 денари по килограм.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
