Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димовски: Соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Димовски: Соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан
Агровест

Димовски: Соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан

Објавено 12/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска учествуваше на 13-от годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што се одржа во Приштина.

На состанокот, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министрите разговарале за политиките и за мерките за развој на земјоделство и руралниот развој во регионот на Југоисточна Европа, процесот на регионална соработка во областа на земјоделството, како и за процесот за интеграција во Европската Унија на земјите од Западен Балкан.

На денешниот состанок министерот Димковски официјално го предал досегашното претседателство на косовската министерка за земјоделство, шумарство и рурален развој Дијана Живиќ.

Димковски про тоа потенцирал дека соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан.

– Ние се соочуваме со многу слични проблеми што може да бидат решени на многу поефикасен начин, ако работиме заеднички. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, продолжува да работи посветено, заедно со другите земји во регионот, со цел исполнување на визијата за напреден и развиен земјоделски сектор во Западен Балкан. Јасно е дека без техничка и финансиска помош од Европската комисија оваа регионална соработка потешко би се развивала. Затоа, ја користам можноста да ја поканам Европската комисија да го препознае значењето на регионалната соработка во областа на земјоделството и руралниот развој за севкупно добро на земјите од Западен Балкан. Продолжуваме да работиме на имплементирање на сите предлози и политики со цел доближување кон Европската унија, изјавил министерот Димковски.

Годинешниот работен состанок е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа. 

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:Димовски ТрајанЗападен балканМинистерство за земјоделство шумарство и водостопнствоработен состанок
Претходен напис (ВИДЕО) Целосно автоматизиран хидропоничен систем
Следен напис Со изградбата на системот „Равен – Речица“ ќе се обезбеди поконкурентно земјоделско производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?