Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски во Свети Николе: Склучени вкупно 150 договори за државно земјоделско земјиште под закуп до и над 3 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Димковски во Свети Николе: Склучени вкупно 150 договори за државно земјоделско земјиште под закуп до и над 3 хектари
Агровест

Димковски во Свети Николе: Склучени вкупно 150 договори за државно земјоделско земјиште под закуп до и над 3 хектари

Објавено 08/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Свети Николе, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, ги додели договорите за јавните огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до и над 3 хектари, коишто беа објавени за Светиколскиот регион.

За јавниот оглас до 3 хектари се склучија 86 договори со земјоделци, за вкупно 206 хектари. За јавниот оглас над 3 хектари се склучија 64 договори за вкупно 800 хектари.

„Вкупно со двата јавни огласи за овој регион доделуваме 1.006 хектари, државно земјоделско земјиште под закуп, на коешто ќе се произведуваат различни земјоделски култури. Овие два огласи за доделување на државно земјоделско земјиште ќе придонесат за зголемени обработливи површини и производство на земјоделски производи,  за поголеми приходи за земјоделците и секако за отворање на нови работни места, што крајно ќе придонесе за економскиот развој на овој регион. Конкретно, според склучените договори за јавниот оглас над 3 хектари ќе се овозможи отворање на околу 50 нови редовни работни места и исто толку сезонски “, изјави министерот Димковски.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, посочи дека со овие два јавни огласи не само што ќе се зголемат обработливите површини, ќе се зголемат приходите за земјоделците и ќе се намали невработеноста во овој регион. Намената на земјиштетото што се доделува со двата огласи е за подигање на лозови и овошни насади, насади со хмељ и лешеници, за оранжерии, маслинарници, ливади, брзорастечки дрвја, за рибници, поставување на пчелни семејства, други земјоделски култури, за спротско -рекреативни активности и рурален туризам. Двата огласи опфаќаат и дел од земјиштито на агрокомбинатот Џумајлија, за коешто лани склучивме 8 договори и се доделија 714 хектари земја.

Може да ви се допадне

Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК БР.02/26: Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Неготино
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
Таг:договоридржавно земјиштезакупмзшвсвети николеТрајан Димковски
Претходен напис Николовски: Да го негуваме нашиот епитет – Honeyland !
Следен напис (ВИДЕО) Гоце Митевски: Најголемиот дел од инвестициите во овошните насади ги реализирав со субвенции и ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?