Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено
Агровести

Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено

Објавено 25/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако цената за килограм грозје падне под ланската, берба нема да има. Родот ќе остане на нивите, порачаа денеска претставниците од регионалното здружение „Напредни лозари” на средбата со министерот за земјоделство Трајан Димковски во месноста Моклиште, Ваташа, кај Кавадарци.

Министерот Димковски ги слушна нивните барања за цената, но и проблемите со извозот кои, како што изјави, очекува брзо да се надминат. Димковски рече дека целокупното произведено грозје од оваа реколта ќе биде откупено.

-Се согласуваме со барањето на лозарите за постигнување цена за килограм грозје на минатогодишно ниво. Разговаравме и за проблемите околу извозот на винско грозје. Очекувам брзо да се надминат, истакна Димковски.

Димковски ги информира лозарите за неговите претходни разговори со винарниците. Иако клучна тема на средбата беше претстојниот гроздобер во услови на КОВИД-19, Димковски се осврна и на други активности што се преземаат за подобрување на условите во лозарството и винарството.

-Сепак, сега приоритет ни е реколтата 2020, дециден беше Димковски, нагласувајќи дека Министерството, како и изминатите три години, е отворено за соработка со лозарите. Министерот потсети и дека се што било договарано, е исполнето.

Одговорајќи на нановинарско прашање, Димковски рече дека субвенциите редовно се исплаќаат. 

-Свесни сме дека пандемијата направи штета во целиот свет. Сепак, ако цените за килограм паднат под минатогодишните, ние нема да го бериме грозјето и родот ќе остане на нивите, напомена претседателот на „Напредни лозари”, Трајче Кулев.

На средбата во Моклиште беше и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грозјеДимковскилозаринапредни лозариоткуп на грозје
Претходен напис Чешка ќе носи закон според кој 85 % од производите мора да бидат од домашно потекло
Следен напис Македонија ја зафаќа Африкански бран – температурите во позначителен пораст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?