За да се обезбеди добар принос или производство на квалитетни садници во пластеник, потребно е редовно да се одржува неговата хигиена, а по секој производствен циклус, плстеникот треба да се исчисти и да се дезинфицира.
Обично дезинфекција се врши во есен или рана пролет
Во пластениците и други затворени услови, создаваме оптимални услови за развој на растенијата, но во исто време високата температура и влажноста овозможуваат развој на патогени и непречен развој на штетници, што може целосно да ја уништи нашата работа. Затоа, неопходно е да се посвети големо внимание на пластеникот, опремата, почвата и алатките што ги користите за работа во него.
По секој производствен циклус, важно е да се отстранат остатоците од растенијата и добро да се исчисти пластеникот. Отстранетите остатоци од растенија може да се компостираат и на тој начин да добиете ѓубриво за следните сезони, ако растенијата не биле изложени на силна инфекција или напад од штетници. Стеблата и лисјата, јажињата за врзување, цревата за наводнување се отстрануваат во зависност од видот на системот. Рамките и фолиите се чистат, а начинот на чистење зависи од каков материјал се направени. Перењето може да се направи со топла вода или вода со сода бикарбона.
Измијте го пластеникот со меки сунѓери, јута или четки
Многу е важна и дезинфекцијата на почвата во пластеникот. Кога се произведува зеленчук, неопходно е да се почитува плодоредот, со цел да се избегне акумулација на штетници и патогени. Затоа, може да се користи внимателно планирање на ротација на посевите во неколку пластеници.

Во малите пластеници, можно е да се внесе снег кон крајот на зимата, кога снегот почнува да се топи. Тоа ќе ја намали температурата на почвата, ќе ја снабди со доволно влага и ќе има негативен ефект врз повеќето патогени и штетници. Снегот што влегува во пластеникот треба да биде чист.
Почвата може да се дезинфицира со наводнување со врела вода, со помош на сончева светлина или со пареа. При стерилизација со пареа, почвата се загрева половина час на температура од 70ºC. Се покрива со полиетиленски фолии, тие апсорбираат сончева светлина и ја загреваат почвата.
Внатрешноста на пластеникот може да се дезинфицира со сулфур или син камен (бакар сулфат). При дезинфекција со сулфур за дезинфекција на 1m³ потребно е да се користат 10g до 20g сулфур, максимум 30g. Со согорувањето на сулфурот настанува сулфур диоксид. Оваа постапка се изведува на температури на воздухот над 12ºC.
Сулфурната дезинфекција се врши 24 часа, што е минимален период на дезинфекција, а во тој период не се влегува во пластеникот. Производителите го оставаат пластеникот затворен четири до пет дена и дури потоа отвораат и проветруваат.
Кога сулфурните ленти ќе се запалат, неопходно е брзо да се напушти пластеникот и добро да се затвори. Неопходно е да се затворат сите отвори. Кога ракувате со сулфур диоксид, неопходно е да се заштитите, а дезинфекцијата се изведува во текот на есента или зимата, со цел да се избегнат несакани ефекти врз култивираните растенија за време на дезинфекција во текот на пролетта.
Син камен се користи при дезинфекција на дрвени конструкции. Не користете го за дезинфекција на метални арматури, бидејќи ги нагризува. 5 кг син камен се раствораат во 100 литри вода.
Дезинфекција може да се направи и со калиум перманганат.
Извор: agroinfonet.com
