Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска се одржа јавната расправа за новиот Закон за шуми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денеска се одржа јавната расправа за новиот Закон за шуми
Агровести

Денеска се одржа јавната расправа за новиот Закон за шуми

Објавено 21/10/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа јавната расправа за новиот Закон за шуми, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес на креирање законска рамка која ќе ја унапреди заштитата и одржливото управување со шумските ресурси на државата.

Со овој закон ги воспоставуваме темелите за модерно, одржливо и транспарентно управување со шумите, усогласено со европските стандарди и најдобри практики во областа на шумарството.

Новиот Закон за шуми предвидува:

• усогласување со европските регулативи со современи стандарди во областа на шумарството;

• основа за донесување на неколку стратешки документи и програми;

• воспоставување на Шумарски информативен систем (ШИС) за дигитално следење и борба против нелегалната сеча;

• развој на македонски систем за сертификација по PEFC стандарди;

• регулирање на меѓу институционалната поставеност, и усогласеност со ресорите поврзани со управување со шумите, природата и пределите во целина.

Ги повикуваме сите субјекти кои управуваат/стопанисуваат, во рок од 15 дена од денот на јавната расправа да достават дополнителни предлози, препораки и коментари за подобрување на содржината на новиот Нацрт Закон за шуми.

Министерството продолжува со спроведување на реформските процеси во шумарството.

Да изградиме одговорен и одржлив систем за управување со најголемото природно богатство – шумите!

МЗШВ

Може да ви се допадне

ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Активни два пожара, три се под контрола, а 22 се изгаснати
Без вода дел од корисниците во Центар, а без струја корисниците на неколку улици во општините Илинден и Аеродром
Таг:Закон за шумијавната расправа
Претходен напис Во третиот квартал 2.184 закупи, најатрактивни Центар, Аеродром и Карпош
Следен напис Известување за поднесување на барања за мерките за живинарство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?