Познатиот билкар, Морис Месеж, вели: „Ако од прошетка во природа треба да се вратите со само едно растение, тоа нека биде копривата.“
Денеска на трпезата – СУПА ОД КОПРИВА
Состојки:
една главица кромид ситно исечкан
3 компири
2 грста свежи млади коприви
чешне лук
сол
свежо мелен пипер
за сервирање: павлака
Подготовка:
На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид пет минути. Додадете три помали или два поголеми компири исечени на коцки и две шаки млади, свежи, добро измиени и иситнети коприви.
Ставете вода (еден и пол литар) и варете 20 минути. Пред крајот на готвењето посолете со нерафинирана морска сол, свежо мелен црн или бел бибер, додадете чешне ситно сечкан лук и матете со рачна мешалка додека не се добие хомогена маса со прекрасна зелена боја.
При сервирање во чинијата додадете една лажичка павлака.
