Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Петровец, соопшти РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:15 до 15:15 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Чифлик, Петровец,Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари лозја, Фазанерија пумпа, ЗИК Фазанерија, Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, Пумпа водовод Кожле, тунел Катланово.
Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат дел од корисниците од Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект ф-600 мм на ул. „Борис Трајковски“ бб, во близина на бензинска пумпа „Лукоил“ во Пинтија.
МИА
