Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебата со земјоделците од Тетово за Законот за задолжително земјоделско осигурување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дебата со земјоделците од Тетово за Законот за задолжително земјоделско осигурување
АгровестиАгросектор

Дебата со земјоделците од Тетово за Законот за задолжително земјоделско осигурување

Објавено 28/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата недела во Тетово се одржа трибина на која се разговараше за изготвениот Закон за задолжително земјоделско осигурување.

На средбата присутни беа земјоделски производители од различни земјоделски гранки – поледелци, градинари, пчелари и одгледувачи на овци.

Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најнапред го претставија законот, а потоа земјоделците поставуваа прашања и дилеми на кои добија одговор.

Пчеларите покажаа интерес да помогнат со свои сугестии како законот да биде уште подобар. За таа цел се очекува да се реализира уште една директна средба на која ќе се разгледаат сите предлози од страна на пчеларите, а кои ќе помогнат за уште подобар и функционален закон.

Целта на овие средби е токму тоа, да се претстави Законот но и да се подобри со сугестиите од страна на земјоделските производители, изјавија претставниците од МЗШВ.

На трибината беше потенцирано дека задолжителното земјоделско осигурување ќе има за цел да бидат осигурени сите земјоделци и ќе биде еден од условите за исплата на субвенциите.

Како што информираа претставниците од МЗШВ, со донесувањето на овој закон, треба да се намалат бирократските процедури и исплатата за настанатите штети ќе биде извршена во текот на истата година кога е настаната штетата.

Александар Мусалевски од МЗШВ нагласи дека земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи овој Закон е во полза на земјоделците. Со него, сите штети што досега со стариот систем се исплаќале за 2-3 години, со новиот закон ќе се исплаќаат во тековната година кога настанала штетата, објасни Мусалевски.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:државазаконземјоделцимзшвосигурувањесубвенции
Претходен напис На Европа ѝ недостасува работна сила во земјоделството – Какви права имаат сезонските работници?
Следен напис Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?