Во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата е потенциран висок напредок во областа Царинска унија – силен доказ за реформските политики спроведени од Царинската управа, со цел забрзана интеграција на земјата во единствениот пазар на ЕУ, информира заменик директорот Мустафа Даути.
Напредок во усогласување и унапредување на ИКТ системите – завршен и пуштен во употреба #НКТС 5, развој на #ЕОРИ 2 и унифицирано управување со корисници и дигитален потпис..
Царинското законодавство високо усогласено со правото на ЕУ. Ратификуван Протоколот за елиминација на нелегалната трговија со тутунски производи – државата со важна обврска во борбата против царинските измами и спречување шверц на тутунски производи.
Зголемена наплата на приходи на Царинската управа – Вкупните приходи во 2024та за 6,3 % повисоки од 2023та, надминувајќи две милијарди евра.
Оперативен капацитет – Усвоена Стратегија за развој на Царинската управа, 2025 – 2027. Воспоставен сеопфатен разузнавачки систем. Зголемен број на случаи на заплени.
Борба со корупција – Усвоена нова Стратегија за интегритет и борба против корупција 2024-2027, со 22 таргетирани мерки.
Заштита на права на Интелектуална сопственост – Во 2024та во 73 случаи запленети 147.525 стоки поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.
Добрососедски односи и регионална соработка – потпишан Меморандум со Царинската управа на Црна Гора со цел поефикасни контроли, спречување царински измами и забрзување на легалната трговија!
Фејсбук статус на Мустафа Даути
