Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: Во извештајот на ЕК е нотиран висок напредок во областа на Царинска унија со која раководи Управата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: Во извештајот на ЕК е нотиран висок напредок во областа на Царинска унија со која раководи Управата
Агровести

Царинска управа: Во извештајот на ЕК е нотиран висок напредок во областа на Царинска унија со која раководи Управата

Објавено 06/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата е нотирано дека има високо ниво на напредок во областа Царинска унија со која раководи Царинска управа, соопштуваат од Управата.

Во соопштението се наведува дека во извештајот на ЕК е нотирана зголемената наплата на приходи на Царинската управа, односно дека вкупните приходи во 2024 година се за 6,3 проценти повисоки споредено со 2023 година надминувајќи две милијарди евра. Според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, напредокот нотиран од ЕК е доказ дека Управата спроведува значителни реформски мерки и политики кои што придонесуваат кон забрзување на евроинтеграцијата на државата во единствениот пазар на Европската унија. 

– Високото ниво на напредок, нотирано од Европската комисија, е уште еден цврст доказ дека Царинската управа спроведува значителни реформски мерки и политики коишто треба да овозможат забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на ЕУ, вели Николовски.

Во делот на оперативни и административни капацитети, додаваат, се истакнува новата Стратегија за развој на Царинската управа 2025 – 2027, со особен акцент на воспоставениот сеопфатен разузнавачки систем. Притоа во извештајот е забележан и зголемениот број на случаи на заплени.

– Особено е потенциран напредокот во усогласување на ИКТ системите и нивно унапредување – новиот компјутеризиран транзитен систем фаза 5 кој е завршен и пуштен во употреба во јануари годинава, како и развој на системот за регистрација и идентификација на економските оператори ЕОРИ и унифицирано управување со корисници и дигитален потпис, стои во соопштението.

Во делот на законодавството велат дека Комисијата нотира високо ниво на усогласеност на Царинското законодавство со правото на ЕУ, ратификуван е Протоколот за елиминација на нелегалната трговија со тутунски производи од Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутун, при што државата има важна обврска во борбата против царински измами, особено во спречување  шверц на тутунски производи.

– Во борбата со корупција, како еден од главните приоритети на Царинската управа, во извештајот е истакната усвоената Стратегија за интегритет и борба против корупција за периодот 2024-2027, која вклучува 22 таргетирани мерки за спречување корупција. Во делот на заштита на правата од интелектуална сопственост особено се потенцирани резултатите на Царинската управа. Притоа Европската комисија наведува дека во 2024 година во 73 случаи запленети се 147.525 стоки поради сомневање за повреда на правата од интелектуална сопственост, се наведува во соопштението на Управата.

Во областа на добрососедски односи и регионална соработка, оттаму велат дека ЕК го истакнува потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Царинските управи на Македонија и Црна Гора, чија цел е подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царинска измама, како и забрзување на легалната трговија меѓу двете земји.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ЕКнапредокЦаринска унијацаринска управа
Претходен напис Подготвен Предлог-закон за социјални претпријатија, следната година се очекува да биде донесен
Следен напис Даути: Во извештајот на ЕК – Царинската управа со историски резултати, сериозен напредок и забрзана интеграција во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?