Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали треба да се сади овошје во престапна година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Дали треба да се сади овошје во престапна година
Совети

Дали треба да се сади овошје во престапна година

Објавено 22/02/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Голем број на луѓе имаат цврст став околу нешто, без конкретно и јасно објаснување и без релевантни и научни докази за тоа.

Многумина можеби ќе помислат: „Ете сега што зборуваат немаат попаметна работа“. Меѓутоа нешто за што многу се пишува во последно време е една стара легенда која се однесува на една вечна агро енигма- дали ќе раѓаат овошките засадени во престапна година? Десетици прашања на фејсбук, бесконечни дискусии во секторските групи на социјалните мрежи, телефонски јавувања, загрижени производители… Овоштарите почнаа дури и да се делат  на „за“и „против“ садење на овошни насади во престапна година.

Лугето не сакаат да згрешат, но…? 

При тоа, двоумењата и поставените прашања не се проблем. Дури може да се каже дека се добар показател дека луѓето се интересираат и дека не сакаат да згрешат. За жал во позадина на ова се крие многу подлабока и можеби поопасна проблематика. Голем број на луѓе имаат цврст став за нештата без да знаат да објаснат зошто е тоа така и без релевантни и научни докази. За среќа во сите дискусии до сега на наведената тема нема ниту еден сериозен обид за објаснување на ставот дека „овошни насади не треба да се садат во престапна година“.

Додека малку размислуваме околу предходната анализа, да направиме една мала анализа зошто овошјето понекогаш не дава плодови па дури ако е засадено и во престапна година. Најдобар пример за оваа анализа е црницата.

Ова овоше се садело таму каде што воловите не можеле да изораат.

Оваа сорта на овошје кај нас е присутна стотици години. Најчесто се засадувала на крајните делови од имотот, на меѓите и на други не многу поволни места. Треба да се има во предвид дека во минатото лугето, секоја педа  од  плодната почва ја чувале за житарици, додека пак овошјето се садело таму каде што воловите не можеле да изораат. Често се случувало, таму каде што ќе се насади овошјето да има многу вода, почвата да биде сиромашна, па дури и на тоа место да нема доволно светлина. Засадената црница долги години ќе преживувала на тоа место трошејќи ја својата сила  за развој на кореновиот систем и во константно обновување на своите гранки бидејќи овците, зајците и др.  тогаш па некаде дури  и сега,  биле главните агротехничари  во многу овоштарници.

Дури кога во некоја зима немало да има „природно режење“ црницата благодарение на својот силен корен, ќе израснела неколку метри во една сезона. Поради недостаток од постојано ѓубрење, вистинско режење и неприменување на други технички мерки, на црницата и се припишал епитетот дека„ раѓа дури после 15 години“.  Но земјќи ги во предвид сите предходно наведени услови чудно е како  воопшто раѓала. Од друга страна пак има овоштари кои успеле, нивните црници да дадат род уште во четвртата година. Тајната е во тоа што успешните земјоделци не размислуваат по принципот„ Да насадам нешто  што нема да бара  НИШТО да работам“ .

Кој знае да „чита меѓу редови“ од предходната анализа сигурно сватил зошто некои луѓе не треба да садат овошје без разлика дали тоа ќе биде во престапна година или во сите други години. Секој кој својата немарност и своите грешки во производството сака да ги прикрие со образложението„ Засадена е во престапна година “ треба во истиот момент да излезе надвор, да ја натовари приколката со прегорено шталско ѓубриво и да го наѓубри својот овоштарник. Веднаш после тоа да се ископа околу овошката, стручно да се изрежи и во текот на сезоната по потреба да се наводнува. Со малку среќе има род уште наредната година.

Исто така доколку немате род во овоштарникот од било која причина за која немате објаснување, секогаш најпрво побарајте  помош од стручни лица.

Љубовта е неопходна

Секогаш кога ќе помислите на садење и одгледување на овошје , прво размислете и донесете одлука дека навистина сакате со тоа да се занимавате. Без разлика дали сте овоштар аматер или професионалец љубовта е неопходна. После тоа одберете  соодветно место и проценете дали во својот овоштарник ќе можете да одите секој ден, а не само на поминување.

Купете здрави садници со познато потекло и проверен квалитет, ископајте големи дупки и ставете голема количина на шталско ѓубриво во земјата. Наводнувајте ги  садниците редовно, прихранувајте ги и побарајте помош од професионалци ако не сте сигурни како да ги режите. Ако се придржувате кон овие правила овошјето ќе даде род без разлика во каква година е засадено.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:грижа за овошкитеовоштарствопрестапна годинасоодветно место
Претходен напис 10 најчесто поставувани прашања од страна на земјоделците во врска со мерката 113
Следен напис Макрон: Франција инсистира на поголема поддршка од ЕУ за земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?