Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали светот наскоро ќе остане без банани? Панамска болест ги уништува плантажите ширум светот – научниците бараат лек
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали светот наскоро ќе остане без банани? Панамска болест ги уништува плантажите ширум светот – научниците бараат лек
Агровести

Дали светот наскоро ќе остане без банани? Панамска болест ги уништува плантажите ширум светот – научниците бараат лек

Објавено 02/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тропската болест (TR4) која се појавила изненадно и се ширела пред да се појават било какви симптоми, може да биде кобна за бананите. Оваа болест е позната и како панамска болест и всушност е габична.

Епидемијата на оваа боелст во последните десет години одеднаш се забрзала и се проширила од Азија во Австралија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка, од каде што доаѓаат повеќето банани доставени до супермаркетите ширум светот, пишува “Klix.”

Денес, оваа болест е проширена во 20 земји во светот и се заканува дека ќе го уништи омиленото овошје во човечката исхрана. Научниците ширум светот забрзано работат за да пронајдат решение, вклучувајќи и создавање на генетски модифицирани банани.

Како што објаснува Фернандо Гарсиа – Бастидас, научник кој се занимава со болеста TR4 во Универзитетот Вагенинген во Холандија, ова не е прв пат бананите да се соочуваат со целосно уништување.  

Во педесеттите години на 20 век се случи една од најстрашните ботанички епидемии во историјата. Оваа габична болест потекнува до Азија од каде се проширила на огромните плантажи со банана во Северна Америка. Гарсиа-Бастидас вели дека причина што пандемијата била толку разорувачка е тоа што сите банани биле од иста сорта.

Во деведесеттите години во Азија исто така се појавила болеста TR4 која била смртоносна за бананите. Оваа модерна болeст на бананите го напаѓа васкулaрниот систем на растенијата и предизвикува смрт на стеблото.

– Бананите неспоредливо се меѓу најважните овошја во светот и се главна храна за милиони луѓе. Затоа не би смееле да го потцениме влијaнието на моменталната пандемија TR4 , изјавил Бастидас.

Причината што TR4 е толку смртоносна е тоа што лесно се пренесува а симптомите не се веднаш забележливи. Болното растение, изгледа здраво дури една година пред да ги покаже првите знаци на болеста. Со други зборови кога ќе се забележат првите знаци на болеста, веќе е предоцна бидејќи болеста веројатно се проширила.

Во 2019 година оваа болест се проширила во Колумбија

– „Беше тоа како лош сон. Во еден момент бев на фарма, а веќе во другиот во лабораторија. Потоа му објаснував на колумбискиот минситер дека се случи најстрашното. Долго време не можев добро да спијам, тоа ми го скрши срцето“ изјавил тој.

Како и секоја друга држава и Колумбија сега се обидува да ја забави епидемијата додека светот нервозно гледа на знаците на болеста во остатокот на Латинска Америка. Бидејќи за болеста не постои лек, се што може да се направи е да се изолираат заразените фарми и редовно да се дезинфицираат работниците.

Во меѓувреме се бара решение за оваа болест

Во Австралија научниците развиле генетски модфицирана банана која е отпорна на TR4. Фондацијата на Бил Гејтс исто така ги поддржува истражувањата.

Во својата лабораторија во Холандија, Бастидас и неговите колеги се служеле со најнови техники во одредувањето на ДНК за да ги идентификуваат гените отпорни на TR4 и одгледувале банани кои би можеле да ја подонесат оваа болест.  

– „Имаме стотина сорти на јаболка, па зошто не би имале и различни сорти на банани“, прашува Бастидас.

Се надева дека најотпорната сорта на банани ќе се појави во наредните пет до десет години. Се верува дека и оваа пандемија ќе влијае за пораст на цената на бананите, пишува “Kliks”.

Извор: Blic.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:TR4бананизакана за бананитеКолумбијанови сорти на банаи
Претходен напис Светското производство на јајца зголемено за една четвртина во последната деценија – Кина и понатаму води
Следен напис Димковски во посета на село Буково ги повика земјоделците да ги заштитат своите производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?