Кажете ни кој не нанел парфем директно на врат. Тоа е честа навика и место на кое отсекогаш нè учеле да ставаме парфем, но се чини дека таквата практика може да биде опасна за здравјето, поточно за здравјето на тироидната жлезда, пишува Živim.hr.
На ова предупреди експертот за заразни болести д-р Матео Басети, кој во видео на социјалните мрежи објасни дека прскањето парфем на вратот може негативно да влијае на правилната функција на тироидната жлезда, со можни последици за метаболизмот.
Зошто парфемот е опасен за тироидната жлезда
Д-р Басети, директор на Клиниката за инфективни болести на болницата Сан Мартино во Џенова, постави директно прашање во своето видео: „Дали е здраво да се нанесува парфем директно на врат?“, а неговиот одговор на тоа прашање беше подеднакво директен и јасен: „Не, не е здраво“.
„Парфемот на вратот може да биде многу поштетен отколку што мислите, бидејќи областа каде што се нанесува парфемот се наоѓа веднаш над тироидната жлезда, витална жлезда која е одговорна за регулирање на метаболизмот, енергијата, температурата и хормоналната рамнотежа. Покрај тоа, кожата на вратот е тенка, чувствителна и нема многу лојни жлезди, па затоа е помалку заштитена“, истакнува д-р Басети.
Што вели науката?
Студија објавена во списанието Environmental Health Insights го истакна присуството на ендокрини нарушувачи во мирисните производи, како што се синтетичките мошуси и дериватите на фталати.
Ова се супстанции кои, апсорбирани преку кожата или вдишани, можат да ја променат хормоналната функција на долг рок.
„Затоа, продолжете да ги користите парфемите со задоволство, но без ризик, прскајќи ги или нанесувајќи ги на зглобовите, внатрешната страна на лактите и задниот дел од вратот, кои се помалку изложени области. Како и зад ушите, на облеката или на косата (за оние кои ја имаат)“, советува д-р Басети.
