Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали евтината руска пченица ќе ги наруши плановите на извозниците од ЕУ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали евтината руска пченица ќе ги наруши плановите на извозниците од ЕУ?
АгровестиПазари

Дали евтината руска пченица ќе ги наруши плановите на извозниците од ЕУ?

Објавено 05/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стравот од евтините руски житарки ги мачи главните извозници на пченица во Европската Унија. Меѓународната побарувачка е помала, поради што извозниот вишок се пренасочува кон Мароко и Кина, пишува Ројтерс.

Пред една година ситуацијата беше сосема поинаква, бидејќи тогаш откупувачите побрзаа да резервираат пченица од земјите на ЕУ поради прекините во трговијата со Црното Море предизвикани од руската инвазија на Украина.

Русија наводно има големи залихи од рекордната жетва минатата година, деновиве започнува новата од која се очекува и голема реколта, а прогнозерите предвидуваат ново високо ниво на извоз.


Цени на пченицата на готовинскиот пазар

Кога станува збор за пченицата од ЕУ, некои аналитичари предвидуваат поголем извоз оваа сезона бидејќи се очекува поголема жетва, додека други предвидуваат нејзин поскромен раст токму поради руската конкуренција. „Руската пченица е главната закана за извозот на ЕУ во наредните недели и месеци“, вели еден европски трговец.

Според некои информации, пониската извозна цена во Русија е 230 долари за тон за FOB (free on board FOB, транспортна клаузула според која продавачот ја исполнува својата обврска кога ја испорачува стоката преку оградата на бродот на назначеното пристаниште за утовар) кое се уште е поевтино за околу 25 до 30 долари од понудата за овој вид трговија во Западна Европа, пренесува Agroklub.

Некои аналитичари сметаат дека за тоа е виновен растот на фјучерсите на Euronext, што беше поттикнато од сушата во САД.

Земјата која би можела да биде клучна за пченицата од ЕУ е Мароко, која со планираните 2,5 милиони тони минатата сезона го престигна Алжир како главно одредиште. Вкупниот извоз на ЕУ во 2023/2024 година сепак, би можел да се зголеми од источните земји како Романија, кои имаат големи залихи по приливот на украинските житарки.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:извозмарокопченицарусија
Претходен напис Времето денеска променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис Аерација на земјиштето е услов за подобар развој на коренот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?