Францускиот винар Жан Плезентан направил вино кое го нарекол ковид-19!

Дизајнираната етикета е направена да потсетува на упатствата во врска со хигиенските мерки кои ги сретнуваме на секој чекор. Виното се вика La Cuvée Qu’on vide 19 – фразата која отприлика се преведува како „шише што го празниме“.
„На оваа идеја дојдов во текот на бербата. Ми беше потребно време да ја остварам замислата, но таа во основа е многу едноставна“, рекол Плезентан, кој е косопственик на винаријата „Домаин Жаулин-Плаисантин“ во која на 16 хектари се одгледува органски сертифицирана винова лоза во рамки на апелацијата Шинон во долината на Лоара.

На задната страна од етикетата дизајнот е објаснет со оптимистички зборови: „2019 не донесе само вирус, туку и добра берба“.
Виното се продава и се подарува на деловните партнери на винаријата, но благодарение на интернетот, зголемен е интересот за етикетата, а реакциите се одлични.
