Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали ако си земјоделец мора да си сиромашен или од земјоделството може добро да се заработи? Одговор даваат врвни производители – Митат, Боне, Антонио и Бајро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Дали ако си земјоделец мора да си сиромашен или од земјоделството може добро да се заработи? Одговор даваат врвни производители – Митат, Боне, Антонио и Бајро
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Дали ако си земјоделец мора да си сиромашен или од земјоделството може добро да се заработи? Одговор даваат врвни производители – Митат, Боне, Антонио и Бајро

Објавено 19/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од првиот ден кога започна да работи специјализираната земјоделска платформа Агротим, го следиме производството на тројца земјоделски производители, примери што значи сериозен, модерен, посветен и перспективен земјоделец.

Митат Исмаиловски од Будаково, Боне Спасовски од Виничани и младиот Антонио Ангелковиќ од Лозово.

Сите тројца имаат поголеми површини, земјоделското производство им е основна дејност, а во работата активно се вклучени нивните фамилии.

Прв одговор на прашањето даде Боне Спасовски,

–Нема земјоделец сиромав! Можеш планско да ги искористиш субвенциите, за ѓубриво и препарати, а не за луксуз – вели Спасовски од село Виничани.

Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско заедно со неговата сопруга Марина обработуваат 3 хектари лозје, 7 хектари овошни насади, од кои претежно кајсии, сливи и праски, 1,5 хектар житарки и имаат 10 пластеници со раноградинарска култура – пиперка.

– Задоволен сум од производството на пиперките, имаат добар род и цена. Го земаат од Скопје трговци за продажба на Кванташки пазар – вели Боне.

Митат Исмаиловски од село Будаково е од „големите“ земјоделци со стотици хектари под концесија, огромни трактори и друга модерна механизација. Но она што го одвојува Митат од останатите земјоделски производители е посветеноста кон земјоделството, слободно можеме да кажеме дека тој живее за нивите да ги види посеани, со најдобар квалитет и највисоки приноси. Тој секоја година се натпреварува сам со себе и успева во тоа да биде секоја година се’ подобар.

Тој ни даде типично земјоделски одговор, воздржан и помалку скептичен, но дворот со милионската инвестиција во земјоделска механизација го „ублажува“ овој одговор.

-Земјоделското производство зависи од многу фактори, најнапред да имаш квалитетна земја, систем за наводнување и редовни субвенции. За да се исплати производството, една фамилија треба да има најмалку 20 ха земја и таа да биде на една парцела за да биде рентабилно производството. Инаку, да се разбереме, ако се работи сериозно и посветено, како јас со мојата фамилија, и ако постојано се инвестира, може добро да се живее од земјоделското производство – вели Митат.

Мислењето на Антони Ангелковиќ од Лозово е најдобрата изјава која треба да стане парола на сите, не само земјоделците.

–Не може да биде сиромашен , само прво треба да го сакаш и разбираш земјоделието, а после оваа криза што се јави со војната, земјоделците ќе бидат едни од најпочитуваните луѓе – ни изјави Антонио.

Антонио е дипломиран економист по вокација, но желбата и љубовта за земјоделското производство му се поголеми од работа во администрација или некоја друга професија.

Земјоделското производство за младиот Антонио е семејна традиција, која тој ја продолжува со сета сериозност и одговорост која ја носи оваа професија. На 700 хектари одгледува житарки и има 15 хектари лозје, а произведува и семенски материјал.

Антонио редовно користи субвенции, а последниве две години има купено два нови трактори, комбајн и приклучна механизација и има изградено силос и магацински простор.

Ова беше изборот на Агротим, но списокот со врвни земјоделци секој ден се проширува. Тука секако се уште наши добри пријатели земјоделци како Бајро Асцериќ од село Виничани кој има одлична порака за сите политичари.


„И на + 4 степени земјоделецот мора да работи и не е тешко кога има пласман и цена, а на нашиве политичари им порачувам, створете услови за да останеме на село, оти ако дојдеме во град ќе ви ги земеме местата. Поздрав земјоделци“

Поздрав земјоделци и од Агротим и продолжуваме заедно напред!

Не очекуваат одлични мерки од Владата, повици за ИПАРД, Млад земјоделец, огласи за земја, поволни кредитни линии…се’ што е потребно за ваш развој и модернизирање на производството.



Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Таг:антониовладаземјоделциИпардмзшвМитатсубвенции
Претходен напис Касами во обиколка на Попова Шапка: Се гради нов пат и најава за детален урбанистички план
Следен напис Компанијата „Uni Parts“ нуди багери марка EVERUN: Прочитајте за перформанси и цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?