Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цветната оаза на Марина (и Томче) во село Волкодари: Жена со секогаш миризливи дланки и цветови во очите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цветната оаза на Марина (и Томче) во село Волкодари: Жена со секогаш миризливи дланки и цветови во очите
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Цветната оаза на Марина (и Томче) во село Волкодари: Жена со секогаш миризливи дланки и цветови во очите

Објавено 02/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава Марина Дочовска од Општина Ресен ја доби наградата жена – најдобар земјоделец во Преспа. Освен по своите земјоделски вештини, Марина е позната по цветниот рај во својот двор. Па, ако минувате низ Ресен, подзастанете во село Волкодари и напојте си ги очите со убавина – пишува Слободен Печат.

Цветната оаза, меѓу граѓаните позната како „Куќата на цвеќето“, се наоѓа во с. Волкодери,  Ресен, поточно градината се простира пред куќата на Марина и Томче Дочовски, кои се заслужни за овој рај на Земјата.

Одгледувањето на цвеќињата започнало години наназад. Но, тоа останало најголемо хоби на Марина, кое ја исполнува и ја прави среќна.

– Куќата и дворот секогаш билe атрактивни за минувачите кои љубопитно застануваа, фотографираа, и со восхит изразуваа желба да купат од нашето цвеќе. Така, моето хоби пред неколку години прерасна во прекрасен семеен бизнис. Претежно работиме со саксиско цвеќе, петунии, сардели, бегонии, олеандри, виоли, хризантеми, бонбончиња. Имаме и лимони, палми, јавори, бугенвилија, ружи…, богат избор за сечиј вкус – вели Марина.

Во оваа цветна оаза годишните времиња се отсликуваат преку боите, се прелеваат врз цвеќињата како утринска роса, се прикажуваат со цела своја раскошност.

– Градината е постојано цветна и разнолична во секоја временска сезона. Дополнителна свежина даваат и многубројните фигури од кои секоја си има своја приказна. Секако дека сè ова бара голема посветеност и време, но моето мото е дека кога човек сака и работи со љубов, тогаш може сè да се постигне – додава жената со секогаш миризливи дланки и цветови во очите.

Основната дејност на семејството Дочовски е земјоделството. Располагаат со три хектари земја со насади на јаболка. Најмногу ајдарет, а има и златен делишес и муцо.

– Досега, за среќа, имаме добар пласман и задоволни сме. Годинава дополнителен мотив за мене беше наградата што ја добив од Општина Ресен за жена – најдобар земјоделец во Преспа, што многу ми значи. Нашиот Ресен е мал, но многу убав град. Чест и големо задоволство е што покрај незаменливото јаболко, Преспанското Езеро и природните убавини, сега и нашата куќа стана симбол на препознатливост и промоција на градот – ни рече Марина.

Марина ги охрабрува сите љубители на цвеќето да се осмелат и да го следат нејзиниот чекор:

– Разубавете ги своите градини и да докажеме дека и ние имаме преубави места кои изгледаат светски, а се наши.

Ако минувате оттука, подзастанете и напојте си ги очите со убавина. И понесете со себе барем две цветни гранчиња. Едно во рацете, другото во очите.

Извор: Слободен Печат

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:ВолкодериКуќа на цвеќетоМарина Дочовсканајдобар земјоделец
Претходен напис Кои се разликите помеѓу темното и светлото пиво?
Следен напис Бензините поевтини за половина, а дизелот за еден денар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?