Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: И покрај дождот вчера имаше три пожари на отворено – сите се изгаснати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ЦУК: И покрај дождот вчера имаше три пожари на отворено – сите се изгаснати
Агровест

ЦУК: И покрај дождот вчера имаше три пожари на отворено – сите се изгаснати

Последна измена: 18/10/2023 08:47
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на три пожари на отворено во последното деноноќие и сите се изгаснати.

Влажното време, како што велат од ЦУК, придонело тие пожари повторно да не бидат активирани заради ветерот во тие планински предели.

Пожарите на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, деградирана шума, а и мешана и борова шума, биле во Општина Македонски Брод, над с.Белица, во месноста „Аргулица“ каде што горела ретка борова шума борова шума на тешко пристапен висок терен под Солунска Глава, според информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод, обилните врнежи во текот на изминатото деноноќие придонеле тој да е локализиран, а и изгаснат, покрај тоа што во тој планински предел што е тешко пристапен и метеоролошките прилики високо во планината не дозволувале добра видливост.

Од ЦУК информираат дека пожар на отворено имало и во Општина Лозово, кај с.Милино, горела борова шума, шри што пожарникарите имале интервенција со шест пожарникари и едно ПП возило. Со пожарот била зафатена борова шума на површина од три декари. И во Општина Зрновци, во атарот на с.Видовиште горела ниска вегетација и стрниште, при што пожарникарите од ТППЕ Кочани имале интервенција кај месноста „Мало Ритче“. Во гаснењето на пожарот интервенирале два пожарникара со едно ПП возило, а е опожарена површина од околу пет хектари.

-И покрај дождот во нашата држава, пожарникарите имаа повторно ангажман за гаснење три пожари на отворено и сите се изгаснати, благодарение на навременото реагирање, а и брзото пријавување на ваквите итни случаи на 112 во ЦУК, во интерес на зачувување на природните богатства, во конкретниот случај на шумите, а секако и на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во државата. Неодминливо е да се посочи дека, како ЦУК, согледуваме дека во овој процес за навремена реакција при пожарите на отворено, доведе во многу нешто и подигањето на општествената свест во јавноста од страна на медиумите,  информираат од ЦУК.

Медиумите, како што е додаваат од ЦУК, постојано укажуваа и ги елаборираа темите за потреба од брза реакција при вакви и слични случаи важни за колективната, а и индивидуалната безбедност на граѓаните, во текот на целата година, а не само во периоди додека елементарните непогоди се случуваат.

ОД ЦУК апелираат итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на 112 во ЦУК во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата.

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Таг:дождотизгаснатитри пожарицук
Претходен напис Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Ѓуриште
Следен напис Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Тетово и Гостивар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?