Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Активен пожар над селото Стримница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Активен пожар над селото Стримница
Агровести

ЦУК: Активен пожар над селото Стримница

Објавено 14/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираше дека утрово има еден активен пожар над селото Стримница. Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно девет пожари на отворено во државата. Пожарникари истовремено гаснеле и други пожари во населени места.

– РЦУК Тетово известува дека вчера во 18:05 часот, на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, имало пријава за пожар над селото Стримница во општина Желино. Пожарникарите од ТППЕ Тетово не интервенирале поради непристапност на теренот. Од известените, ЈП „Национални шуми“, подружница „Лешница“ од Тетово, информирале оти горела трева, смрека и зеленика, како и дека немало опасност од проширување на пожарот. Инаку, превентивно биле известени и ДЗС Тетово, како и Општина Желино. Пожарот е сѐ уште активен утрово, појаснија од ЦУК.

Според РЦУК Скопје, БППЗ имала вкупно пет интервенции заради запалена ниска вегетација и запалено ѓубре кај селото Чојлија во општина Петровец.

– Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, вчера имале две интервенции заради запалена ниска вегетација кај месноста „Заграб“ и крај патот за манастирот „Богородица“. РЦУК Куманово известува дека пожарникарите имале една интервенција, заради запалена ниска вегетација во населбата „Тоде Мендол“, додаваат од ЦУК.

Се апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на 112, како и други итни случаи.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.945 повици на 112,  „реални“ биле 39,90 отсто, а 60,10 проценти за други потреби на граѓаните. Кон полиција биле упатени 59,64 отсто, кон итната медицинска помош – 36,46 проценти. За пожарникарите пак, наменети биле 1,30 отсто од реалните повици. 

МИА

Може да ви се допадне

Русија руши рекорди: Извезува 50 милиони тони пченица, а продажбата на ѓубрива скокна за 30%
(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Отворен Максол Експо 2026, соларната енергија е иднината, секој треба да даде свој придонес
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Таг:Активен пожарСтримницаЦУК
Претходен напис Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Следен напис Николовски: На сметките на 9741 лозар, исплатени се 442 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?