Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > (ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Предлог бизнис

(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома

Последна измена: 21/05/2025 13:46
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Сточарската фарма на Велче Црвенов е пример за почит на традицијата, посветеност на фамилијата и патриотизам на најдобриот начин – да останете во државата и да создавате, да се борите за подобра иднина на младите.

-Отидов во Швајцарија најдов работа се средив некако и кога требаше да дојде фамилијата тогаш беше пресудниот момент, видов и сфатив дека нема ништо повредно од тоа да си свој на своето, да сте заедно со фамилијата и во својата, каква таква државичка Македонија – вели Велче.

Оставаме сам да ја раскаже нивната сточарска приказна:

-Оваа фарма ја имаме наследено од дедо ми, на сопругата таткото. Тие беа позната сточарска фамилија – Бабунски кои целиот свој живот го посветија на сточарството се’ до времето пред да започне короната, кога за жал во неговата 75 година почина пасејки ги своите овци.

Така ние со сопругата во тој период останавме со 300 овци од расата Праменки и бевме неуки па едвај се справивме сами шест – седум месеци. Но тогаш започна короната, немаше откуп на јагнето, млекото имаше ниска цена ни беше страв дали ке можеме да се справиме со тој предизвик, едноставно беше лош период за да започнеме нов бизнис, затоа што веќе бевме вработени, па решивме да ги продадеме.

Потоа во корона кризата почнавме на фармата да си средуваме да го направиме местото да ни биде како втор дом. Средивме што средивме и почнавме се повеќе секое слободно време да го поминуваме тука, а како минеше времето мене почна некако да ми фали таа ангажираност околу стоката. Шетав по празните штали, травата растеше, крововите на шталите почнаа да се скапуваа и мене ми беше жал сето тоа што некој со години го создавл јас да бидам тој што ке го запусти. Имам многу поминато во животот, имам видено се и сешто, ама како тука што сум си го нашол мирот никаде на друго место во светот – вели Велче.

Отидов во Швајцарија најдов работа се средив како така и кога требаше да дојде фамилија тогаш беше пресудниот момент, видов и сфатив дека нема ништо повредно од тоа да си свој на своето, да сте заедно со фамилијата и во својата каква таква државичка Македонија.

Тогаш решив да се вратам од Швајцарија и да започнеме заедно со сопругата да се занимаваме со овци, ама да биде на посовремен начин. Гледав во Швајцарија како чуваат шталски овци и тогаш се одлучив за расата Асаф, се распрашав ги гледав на интернет и видов дека се отпорни и ќе може да живеат на ова поднебје, едноставно докажани како добра и профитабилна овца. Така и направив, се вратив од Швајцарија, ги средив шталите колку можев и купив пред година и пол 50 јагниња, ги оплодивме оваа година што имавме женско јагне оставивме се за приплод и сега моментално имаме 100 грла. Планирам да дојдам до бројка околу 200 – 250 за да можеме со сопругата сами да ги одгледуваме, да не бидеме зависни од овчари. Нормално да ни биде фармата направена што е можно по автоматизирана за 2 – 3 луге комотно и без многу напор да ги чуваме овците.

Јас и сопругата сме ангажирани 100 посто, а повремено и по потреба ни помагаат и децата, не подржуваат во тоа што го работиме. Инаку поголемата ќерка е вработена во образование како логопед, а помалата оваа година е матурантка. Задоволни сме од досегашната работа ама се стремиме на подобро и секогаш може подобро. Млекото моментално го предаваме на млекарата „Бучен Козјак“ што реално цената е таа што е искрено чесно поштено ни го плакаат млекото, немаме никаков проблем околу плакањето.

Плановите за во иднина ми се да го зголема стадото да инвестирам во механизација за да нема многу потреба од човечки фактор и реконструкција на шталите да можеже што подолго да опстоиме во овој бизнис. Имам една порака до властите да вложуваат што можат повеке во сточарството да ги даваат субвенциите на време и што можат повеќе да ги мотивираат младите да се заниваат по современо и по автоматизирано и да вложуваат во оваа шталска раса оти верувајте веке ни старита овчари не сакаат да пасат овци т.е да бидат цел ден на рид, а не пак млад човек. Тоа веке умира, а за во штала нема никаков проблем, секој би можел да чува.

Реално од 100 до 150 грла оваква раса на овци да си работат едно семејство би можеле пристојно да се живее, 100 јагниња од оваа раса моменталната цена е 20 000 илјади евра, храна да се обезбеди за нив уште за цела година уште 10 000 илјади евра се разбира доколку ги имате објектите. Иднината е во храната, тоа е мое мислење, имаме капацитет имаме плодна земја и богами вредни луге – вели фармерот Велче Црвенов.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Од кисела зелка до сливи во чоколада: Како 52 производители од селата кај Чачак, Горњи Милановац и Лучан се собраа и отворија онлајн продавница
(ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени  околу 2 илјади грла овни и овци
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
Таг:асафВелчемладиовцисточарска фармаЦрвенов
Претходен напис Најмногу дожд наврна во Скопје
Следен напис АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?