Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Црна сапота – Овошје кое има вкус на пудинг од чоколадо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Црна сапота – Овошје кое има вкус на пудинг од чоколадо
Магазин

Црна сапота – Овошје кое има вкус на пудинг од чоколадо

Објавено 31/03/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Црна сапота (Diospyros digyna) е помало дрво, кое најмногу е распространето на просторите од Гватемала до Мексико. Познато е како црно јаболко, а се нарекува и чоколаден пудинг. Во татковината, од каде и потекнува ова овошје, црната сапота достигнува височина до 10 м.

Дрвото е покриено со светлозелени декоративни листови, а гранките и стеблото со темнокафеава боја. Црната сапота е позната по своите овални плодови, чија форма потсетува на домат, кој ја менува бојата од зелена до кафеава откако ќе созрее.
Зрелите плодови имаат пријатен, кремаст, меснат дел.
Како типичен претставник на тропското овошје, црната сапота многу добро ги поднесува жештините, но само ако и е обезбедена потребната влажност. Во последно време ова овошје е се популарно, бидејќи може да се одгледува во пластеник. Црната сапота сака влажно и киселкасто земјиште, богато со органски материи.

Се размножува со семе, а растенијата почнуваат да даваат плодови после шестата година. За да предизвикаат порано созревање, во некои случаи се прави и целна резидба.

Цветовите на црната сапота се жолто-зелени, а бидејќи ова дрво има доста листови, плодовите дури и не се забележуваат.

Ова дрво цвета кратко, а потоа се појавуваат плодови. Со текот на времето гранките стануваат потешки поради плодовите, па тие често се спуштаат до земја.

Кога плодовите на црната сапота ќе созреат доволно, гранките веќе се спуштаат на земја. Во повеќето случаи црната сапота дава многу плодови. Ако дрвото е многу слабо, постои ризик сите плодови да паднат на земја.

Незрелите плодови на црна сапота имаат сјајна површина, силно зелена боја и мнгоу се тврди.
Кога ќе достигнат големина нешто поголема од јаболка, а размерот им е 8-12 см и тогаш бојата почнува да добива карактеристична кафеава боја. Целосно зрелите плодови достигнуваат тежина помеѓу 700-900 гр.

Состав на црната сапота

100 гр црна сапота содржи 12-15 гр јаглени хидрати, 22 мг калциум, 0.7 гр протеини, 191 мг витамин Ц, 0.19 мг каротин, 0.03 мг витамин Б2, 23 мг фосфор, 0.2 мг витамин Б3. Содржината на масти е минимална.

Берба и чување на црната сапота

Плодовите се берат, кога во целост имаат кафеава боја и кога се веќе доста меки. Нивната површина е темна, а меснатиот дел е скоро црн. Вкусот на црната сапота потсетува на вкус на чоколада, но само кога плодот е целосно зрел, во спротивно има горчлив вкус.

Кога се бере црна сапота, треба да се отстранат гранчињата на кои биле плодовите. Се оставаат само изданоци на кои нема формирано плодови, па следната година ќе послужат во процесот на давање плодови.

Црната сапота треба многу внимателно да се чува, да се избегнува какво било оштетување на површинскиот дел.
Зрелите плодови можат да се чуваат неколку дена во фрижидер, а пожелно е да се замрзнат. Чувајќи се во фрижидер црната сапота може да трае до половина година.

Црна сапота во кујната

Црната сапота главно се консумира свежа, како замена за чоколада. Нејзиниот вкус одлично го дополнуваат сок од портокал и бренди. Ова ароматично овошје влегува во состав на многу сокови, шејкови, колачи и коктели.

Во Мексико на пример, најпопуларен рецепт кој вклучува црна сапота, десертно пире со пасирана црна сапота и мешавина на ракија или сок од портокал, вина, павлака, цимет и шеќер.

Бенефит од црната сапота

Поради својот вкус, ова овошје е одлична замена за чоколадата. Исто така, таа е и многу корисна. Има ниска содржина на масти, што ја прави добра намирница за диетите за слабеење. Овој природен деликатес содржи 4 пати повеќе витамин Ц во однос на портокалот, па тоа го прави одличен извор на овој скапоцен витамин.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:црна сапота
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?