Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Црна кокошка: Една од најскапите домашни животни во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Црна кокошка: Една од најскапите домашни животни во светот
Магазин

Црна кокошка: Една од најскапите домашни животни во светот

Последна измена: 04/05/2020 12:09
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Се  карактеризира со интензивната црна боја на пердувите, клунот, месото но и на внатрешните органи. Само една ваква кокошка чини и до 2.500 долари.

Во Европа се повеќе се  шири одгледувањето на една многу ретка и многу чудна раса на кокошки која е позната под името Ayam Cemani  што во превод значи целосно црна кокошка. Оваа необична раса потекнува од Јава во Инднезија, а во Европа за прв пат е донесена дури во 1998 година и веднаш привлече големо внимание кај  љубителите на живина поради својот изглед и својата генетика. Исто така , Ayam Cemani е една од најскапите кокошки на светот , а само една може да достигне цена и од 2.500 долари.

Целосно е црна како од надвор така и од внатре

Можеби и не би било толку чудно кога би биле црни само пердувите и клунот но запрепастувачки е тоа што и нејзините внатрешни органи се црни. Крвта и е толку темна да многумина мислат дека и таа е црна . Но сепак , таа е црвена.

Единствената работа кај нив што не е црна освен крвта е јајцето кое има беж лушпа, а внатрешноста е многу темна.

Првото прашање кое сите си го поставуваат е како е создадена ваква кокошка? За необичната боја виновна е генетската мутација поради која настанува т.н  фибромаеланоза односно хиперпродукција на црниот пигмент во организмот. Генот кој предизвикува фибромеланоза е мутација која во Азија постои повеќе од 800 години, а опфаќа неколку врсти на живина. Исти особини како i Ayam Cemani  има и Шведската црна кокошка или Svart Hona.

Петлите се тешки околу 2,5 килограми, а кокошките околу 2 килограми. Нивното хранење и одгледување е исто како и кај другите кокошки познати во Европа, само што нешто потешко ја поднесуваат зимата, па просториите во кои што се чуваат овие кокошки треба да се загреваат. Започнуваат со несење на јаца на возраст од 6-8 месеци, а нивниот годишен принос е околу 100 јајца. За одгледување потребен е еден петел и пет кокошки несилки.

Во минатото овие кокошки многу често се вкрстувале со обичните кокошки па така настанала подрасата  Ayam Kampong, позната уште како црна селска кокошка. Затоа чистокрвните Ayam кокошки се исклучително ценети, а за нивниот углед во Азија зборува и податокот дека се користат и за религиски обреди, на пример како жртва за здравје на новореднчето.

Холандскиот  одгледувач Jan Stevernik  ја донел оваа чудна живина во Европа кон крајот на минатиот век. Во Европа и Америка многумина ја чуваат само поради нејзиниот посебен изглед, но во земјите од каде што потекнува се одгледува поради својот посебен квалитет и вкусот на месото.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово
Корисни совети за заштита од оси лете
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Таг:Ayam Kampongживинарствококошкинова сорта на кокошкацрна кокошка
Претходен напис Копривата како чудо на природата – лек, храна, но и заштита од болести и штетници
Следен напис ФАО: Прашања и одговори – Влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз храната и земјоделството
1 коментар 1 коментар
  • Даниела напиша:
    на 14/01/2022 г. во 19:27 часот

    Дали може во Македонија да се најдат вакви кокошки и дали може да успеат кај нас.

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?