Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата пораснаа над 88 долари по ембаргото на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата пораснаа над 88 долари по ембаргото на ЕУ
Агровести

Цените на нафтата пораснаа над 88 долари по ембаргото на ЕУ

Објавено 06/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ограничувањето на цената на руската нафта до 60 долари за барел, согласно договорот на ЕУ, Г7 и Австралија, вчера стапија на сила, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.

Членките на Г7, Австралија и ЕУ ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари, тврдејќи дека сакаат на Русија да и ја отежнат инвазијата на Украина.

Цените на нафтата вчера пораснаа на меѓународните пазари над 88 долари откако ЕУ воведе ембарго на руската нафта и заедно со членките на Г7 го одреди лимитот на нејзината цена.

На лондонскиот пазар цената за барел била повисока за 2,53 долари во споредба со цената при затворањето на пазарите на крајот од минатата недела и изнесувала 88,10 долари. На американскиот пазар со барел се тргувало за 2,4 повисока цена, од 82,38 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници, вклучувајќи ја Русија, во неделата ја потврди одлуката од октомври според која го намалува производството за два милиони барели дневно, а како причина го навела ембаргото на ЕУ на руската нафта.

Механизмот би требало да профункционира преку забрана за осигурителните компании и превозниците да пружаат услуги со руска нафта.

Русија порача дека нема да продава нафта во земјите кои ја ограничуваат нејзината цена, што би можело да значи значајно намалување на снабдувањето на пазарот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ембаргоеунафтарусија
Претходен напис Времето денеска наместа со утринска магла, променливо облачно и слаб ветер од јужен правец
Следен напис Протест на Кванташкиот пазар во Скопје – Закупците уште од раните утрински часови го изразуваат своето незадоволство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?