Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата над 108 долари, во фокус намалените испораки од Русија и Либија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата над 108 долари, во фокус намалените испораки од Русија и Либија
Агровести

Цените на нафтата над 108 долари, во фокус намалените испораки од Русија и Либија

Објавено 22/04/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата се искачија над 108 долари на меѓународните пазари, откако разговорите во ЕУ за забрана на увозот на руска нафта и прекините во снабдувањето од Либија ја засенија загриженоста за економскиот раст и побарувачката за енергенси.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,58 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 108,38 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,64 долари повисоко, по 103,83 долари.

Цените речиси стагнираа бидејќи трговците беа загрижени поради Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој во вторникот ја намали прогнозата за светскиот економски раст оваа година за речиси цел процентен поен на 3,6 отсто поради војната во Украина. Послабиот економски раст значи и помала побарувачка за енергенси.

Вчера на пазарот преовладуваше загриженоста за снабдувањето, во време на разговори во ЕУ за забрана на увоз на руска нафта. Трговците се претпазливи за руските барели поради проблемите со транспортот и плаќањето, откако Западот воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Либија, пак, оваа недела објави дека нејзиното производство е намалено за повеќе од 550.000 барели нафта дневно поради блокадите на големи полиња и извозните терминали.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафта
Претходен напис ЛИДЛ заинтересиран да инвестира во Кисела Вода
Следен напис Ден на планетата Земја: Да го зачуваме тоа што е останато и да го поправиме тоа што е веќе уништено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?