Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел
Агровести

Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел

Објавено 22/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Лондон, 21 октомври 2025 (МИА) Цените на нафтата денеска останаа близу до нивото од 61 долар за барел на меѓународните пазари, што навестува ублажување на геополитичките тензии и прогноза на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за суфицит на понудата почнувајќи од следната година.

На лондонскиот пазар, цената на барел попладнево беше повисока за 32 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 61,33 долари. За речиси иста сума, барелот поевтини на американскиот пазар, каде што се тргуваше за 57,85 долари.

На крајот на минатата недела трговците беа загрижени од прогнозите за суфицит на понудата најдоцна до почетокот на следната година.

Вишокот во 2026 година би можел да достигне речиси четири милиони барели дневно, бидејќи понудата се зголемува, а побарувачката останува пригушена, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) минатата недела во својот редовен месечен извештај.

Во септември, Кина го намали увозот на нафта на 11,5 милиони барели дневно, што е најниско ниво од јануари. Кинеските рафинерии го забрзуваат темпото на рафинирање, што го намалува резервниот капацитет за увоз и за складирање.

Пазарите беа донекаде смирени од знаците за ублажување на геополитичките тензии.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека очекува да финализира „многу добар трговски договор“ со својот кинески колега Си Џинпинг, но отворените прашања за царините и пристапот до технологијата сè уште не се решени, а проблем е и „зачепениот“ синџир на снабдување.

Во наредните недели, Трамп има намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, ублажувајќи ги стравувањата од проблеми со набавката на руска нафта.сд/

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:нафтацена
Претходен напис Северна Македонија доби околу 2,5 милиони евра од Планот за раст за постигнати резултати во намалување на неформалната економија
Следен напис Просечната нето плата во август 45 310 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?