Не поминаа ни десет дена од падот на цената на маслодајната репка, за пазарот повторно да забележи голем пораст на вредноста на маслодајните семиња.
Причината за наглиот скок не е само цената на репката и сојата, туку и палминото масло и повторното зголемување на цените во енергетскиот сектор, велат од Агрархеуте.
Имено, цените на семето од репка на европскиот фјучерс пазар се повисоки за 22 евра по тон и сега изнесуваат 664 евра за тон. Договорите за ноември се зголемија за 24 евра на 667,50 евра по тон, а поскапеа и сојата и палминото масло.
Исто така, европските цени на гасот пораснаа на 300 евра по MWH поради најавеното намалување на испораките преку гасоводот Северен тек. Во исто време, пораснаа за сурова нафта во Европа и САД, што влијаеше на пазарот на растителни масла.
Високите температури ги намалија приносите
Во САД, неповолните временски услови го намалија приносот на соја и пченка. Синоптичарите не очекуваат добра реколта и ги намалија очекувањата за двете култури. Сушата и недостатокот на влага имаат негативен ефект врз опрашувањето на пченката и развојот на зрната во мешунките од соја. Августовскиот договор за соја се зголеми за 59 центи на 15,80 долари за бушел, што беше претворено во европски мерки од 15,47 евра за 27,2154 килограми соја, или 572 евра за тон.
Моменталната цена на сојата е над 16 долари за бушел.
Поголемиот интерес на кинеските купувачи влијаеше на растот на цената на палминото масло на берзата во Куала Лумпур.
Европа увезла повеќе маслодајна репка
Во Франција, жетвата на маслодајна репка се проценува на 4 милиони тони, во споредба со речиси 3,3 милиони тони во 2021 година. Продолжува увозот од Австралија.
Според податоците на Европската комисија, во првите три недели од новата маркетиншка година, европскиот увоз на ова маслодајно семе изнесува 380.000 тони, што е зголемување за 127.000 тони во однос на претходната година. Најголем снабдувач е Австралија со 316.000 тони, потоа Канада со 30.000 тони и Украина со 17.000 тони.
Најголем купувач е Германија со 116.000 тони, потоа Франција со 87.000 тони и Холандија со 82.000 тони. Се очекува дека пазарот ќе продолжи да биде под влијание на стравувањата од рецесија и пад на потрошувачката на биогориво. Нискиот водостој на Рајна предизвикува постојани логистички проблеми во Германија, а влијае и на цените.
