Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на краставиците од над 200 денари по килограм, а некаде и по 280 денари, предизвикаа бура реакции кај граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на краставиците од над 200 денари по килограм, а некаде и по 280 денари, предизвикаа бура реакции кај граѓаните
Агровести

Цените на краставиците од над 200 денари по килограм, а некаде и по 280 денари, предизвикаа бура реакции кај граѓаните

Објавено 11/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на краставиците од над 200 денари по килограм, а некаде и по 280 денари, предизвикаа реакции кај граѓаните. Но, како што објаснува Блажо Витанов, менаџер за продажба на „Империал фуд“, краставиците се увозни, а тамошните цени и давачките додека стигнат во продавниците се високи.

Речиси 100 отсто од увезените краставици во земјава во последните десет дена се со потекло од Грција, од регионот на Солун и од Крит, но трговците на големо се преценија и со увезените количини и со цените по кои го понудија овој зеленчук на македонскиот пазар.

–Цените на краставицата беа толку високи прво затоа што цената по која се купуваат на големо во Грција е две евра. Потоа има и големи давачки кај нас. На пример, царината е 30 отсто и има 5 отсто ДДВ, а мора да се пресмета и цената на транспортот. Затоа цената стаса и до четири евра во маркетите и на пазарите во Скопје – вели Витанов за „Слободен печат“.

За да не се соочат со 100-отстотна загуба, трговците беа принудени да ги намалат цените.

На кванташкиот пазар во Струмица во текот на вчерашниот ден краставицата падна до 140 денари по килограм, информира Витанов. Тој додава дека нашето македонско производство на краставици на пазарот ќе излезе дури кон крајот на март. Истото се однесува и за доматите, кои засега се увезуваат од Турција и Грција и во помали количини од Албанија.

Може да ви се допадне

Од Будинарци до Рим: Вангелина Пармачка меѓу 100-те жени херои на ФАО
Оризопроизводителите ќе добијат по осум денари за килограм арпа, најави Мицкоски
Бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот поскапува за два денара
Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
Таг:краставици
Претходен напис Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции, порача министерот Николовски од Ресен
Следен напис Николовски: Поголеми субвенции во сточарството и пчеларството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?