Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на дизелот и бензинот во ЕУ рушат рекорди: Највисоки во последните 20 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на дизелот и бензинот во ЕУ рушат рекорди: Највисоки во последните 20 години
Агровести

Цените на дизелот и бензинот во ЕУ рушат рекорди: Највисоки во последните 20 години

Објавено 19/09/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела ги достигнаа највисоките нивоа во изминатите 20 години, откако се следат податоците.

Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, додека полнењето со дизел чини 108 евра, пренесува Index.hr.

Високите рафинериски маржи се главен двигател на поскапувањата. Експертите од Европската централна банка (ЕЦБ) проценуваат дека маржите за дизелот нема да го достигнат својот врв пред октомври, што сугерира дека цените би можеле да останат високи.

Цените на горивата на бензинските пумпи нагло пораснаа по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, дополнително засилувајќи ги инфлаторните притисоци. ЕЦБ објави дека инфлацијата кај енергенсите во еврозоната скокнала на 14,3 отсто во август, од 10,3 отсто во јули.

На 14 септември, просечната цена по литар бензин во ЕУ изнесувала 2,063 евра, додека цената на дизелот била 2,159 евра. Ова се највисоките цени регистрирани откако Комисијата почна да ги следи податоците во 2005 година. Претходниот рекорд за бензинот беше поставен во 2022 година, додека цените на дизелот последен пат се приближија до сегашните нивоа во април оваа година.

Цените значително варираат меѓу земјите-членки. Најевтин бензин има во Малта, каде што литар чинел 1,34 евра, додека најскап бил во Данска, со цена од 2,56 евра. И дизелот исто така бил најевтин во Малта, со цена од 1,21 евро за литар, додека најскап бил во Финска, со 2,51 евро.

Податоците се земени од неделниот билтен за нафта на Европската комисија, објавен на 17 септември, и ги одразуваат цените регистрирани на 14 септември, вклучувајќи ги даноците и акцизите.

Цените растат веќе неколку месеци – од почетокот на војната во Иран кон крајот на февруари, што ги попречи енергетските текови низ Ормуската Теснина. На врвот на конфликтот, цената на суровата нафта од типот „Брент“ надмина 126 долари за барел. Во петокот, барел нафта за испорака следниот месец се тргуваше по цена над 104 долари. Пред војната, цената изнесуваше околу 72 долари.

Ситуацијата со снабдувањето во Европа дополнително се усложни откако „Сауди Арамко“ извести најмалку две европски рафинерии дека нема да ги добијат договорените испораки на нафта во октомври. Според „Блумберг“, кој се повикува на извори запознаени со ситуацијата, одлуката се однесува на сите европски купувачи, а следува по нападот што го извршија јеменските Хути врз клучен саудиски нафтовод што води кон Црвеното Море.

Сепак, цената на суровата нафта на светските пазари не е единствениот фактор што го поттикнува поскапувањето. Трошоците за преработка на нафтата значително пораснаа, како и маржите за преработка, што дополнително ги зголеми цените на бензинските станици. Маржата за преработка ја претставува разликата помеѓу цената на суровата нафта и цената на финалните производи, како што се бензинот и дизелот.

Европската централна банка соопшти дека очекува маржите за дизел да го достигнат врвот дури во октомври.

Од почетокот на 2026 година, просечната цена на бензинот во ЕУ е зголемена за приближно 29 отсто, а на дизелот за речиси 40 отсто.

Според анализата на ЕЦБ од јули, промените во цените на суровата нафта генерално целосно се пренесуваат на цените на горивото пред оданочување во рок од еден до два месеца.

Во јули, суровата нафта учествуваше со помалку од една четвртина во цената на горивото во еврозоната. Остатокот се состоеше од трошоци за преработка и дистрибуција, маржи и даноци, што ги објаснува значителните разлики во цените меѓу земјите. Во тоа време, акцизите и ДДВ учествуваа со околу 44 отсто во цената на дизелот и 52 отсто во цената на бензинот.

Експертите од ЕЦБ истакнуваат дека маржите за преработка моментално сочинуваат значителен дел од цената на дизелот.

– Проценуваме дека во третата недела од септември, маржите за преработка изнесувале 0,41 евро по литар дизел – или 19 отсто од малопродажната цена – додека за бензинот изнесувале 0,17 евро по литар, односно 8 отсто, соопштија од ЕЦБ.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
(ВИДЕО) Серафимовски: Ќе се зголеми извозот на црвена пиперка, имаме побарувачка од Бугарија, Србија и Босна
(ВИДЕО) Серафимовски: Мора да зборуваме за ПЛАНСКО ПРОИЗВОДСТВО за да немаме проблем со вишок на производи
Таг:дизелотрушат рекордицените
Претходен напис Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, од вторник посвежо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?