Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чување на свежо овошје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Чување на свежо овошје
Совети

Чување на свежо овошје

Објавено 18/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Чувањето на овошјето има за цел да го сведе на минимум животниот процес на плодовите и со тоа да ја продолжи нивната трајност. Зимските сорти јаболка и круши чувани во плодочувалишта постепено дозреваат и при тоа го добиваат карактеристичниот вкус. Складирајќи го овошјето во плодочувалиштата, пазарот се растоварува од одделните овошни видови во сезоната на нивното зреење и се обезбедува рамномерна распределба, подолготрајна потрошувачка и поуедначена цена на плодовите.

Трајноста на чуваните плодови е зависна од повеќе фактори, пред се од интензитетот на процесите кои се одвиваат во плодовите – (транспирација, дишење, физиолошки особини на плодот, степенот на зрелоста при берењето и др.). Исто така трајноста на плодовите во голема мера е зависна од применетата агротехника во овоштарникот. Плодови добиени од овоштарник одгледуван под угар – како чиста култура подобро се чуваат, отколку во овоштарник одгледуван под затревена површина.

Услови за чување на плодовите

За успешно и подолгорајно чување на плодовите во свежа состојба, неопходно е да се исполнат одредени услови и тоа:

– плодовите да бидат здрави, без механички повреди;

– без последици од напад од штетници и болести;

– да се собрани навреме и во што покус рок;

– да се со средна големина и

– да приаѓаат на иста сорта

Условите кои ги смалуваат физиолошките процеси на плодовите и помагаат за одржување на нивниот квалитет со максимална должина на траење (чување) се сметаат за оптимални. Интензитетот на биохемиските процеси на чуваните плодови главно зависи од температурата и релативната влажност на воздухот во плодочувалиштето. Квалитетот на чуваните плодови значи ќе биде зависен од споменатите фактори и сортните особини. Во исти услови на чување разните сорти нееднакво се однесуваат.

Поради тоа постојат и различни плодочувалишта во кои се обезбедуваат оптимални услови за чување на одредената сорта Постојат обични плодочувалишта во кои не се вградени уреди за регулирање на топлотниот и влажниот режим во просторијата . Во нив можат да се чуваат некои зимски сорти јаболка и круши и подолго време (3-5)месеци, а притоа да не се изгуби од квалитетот на чуваното овошје. Денес постојат плодочувалишта – ладилници во кои има контролирана атмосфера . Сортите од оделните овошни видови кои имаат поголеми барања во поглед на условите за чување можат во вакви услови долго време да бидат чувани а при тоа да не изгубат од својот квалитет.

Во ваквите плодочувалишта – ладилници се внесуваат само здрави и чисти плодови класирани, со што се врши и рационално користење на коморите и енергијата за ладење на просторијата и плодовите. Регулирањето на температурата се врши зависно од принципот на кој работат компресорите. Ладилниците можат да бидат со различни капацитети зависно од потребите. Тие се обично составени од повеќе комори каде се чува овошјето, машинско оделение со уреди за класирање и пакување.

Зимските сорти јаболка и круши се чуваат при температура од еден до три степени и 85 – 90% влажност на воздухот. При повеќе месечно чување на плодовите во контролирани услови, загубите во тежина – кало од транспирација не се повеќе од 2- 4% на спрема 15-20% загуба од плодовите од истите сорти, чувани во обични плодочувалишта.

Дип. инг. агр. Ламбе Куциноски

АПРЗ РЕ – Струга

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:свежо овошјечување
Претходен напис АМСМ: Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод – Скопје
Следен напис Од хидроакумулациите во струмичко рационално се користи водата за наводнување на различни култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?